ТОСТЕРКИ: колачи од детството

Тост колачите се пригодни за било кое време од денот, со кафе или чај, имаат долг рок на траење, и тоа се најубавиот спомен од нашето детство кога нашите мајки и баби ни ги приготвуваа кога не испраќаа на екскурзии…

Потребни состојки:

250 г маргарин/путер

300 г шеќер

Loading...

4 јајца

100 мл млеко

1 прашок за печиво

2 ванилин шеќер

1 кг брашно

Постапка:

Путерот/маргарин, заедно со шеќерот, јајцата, млекото и ванилин шеќерот се мати со миксер.

Се додава половина кг брашно па се доматува со миксер.

Потоа се додава уште половина кг брашно, па сето заедно рачно се меси да се добие тесто.

Тестото се остава 15 минути да се одмори, па се прават мали топчиња, се ставаат на тостер и се печат.

 

Loading...