ТОРТА ЗА 10 МИНУТИ…Многу вкусна, лесна и брза…Јас ја оценив со 10…Кога немате време, а сакате да се засладите со нешто вкусно, тогаш овој рецепт е идеален за вас. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување готови кори за торта (3 кори во пакување)
малку чоколадно млеко за натопување на корите

За фил:
500 мл ладна слатка павлака
3 шлаг креми од карамел
200 мл ладно млеко
200 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц…)
2 супени лажици шеќер во прав
100 г темно чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

1.Ладната слатка павлака изматете ја со миксер во шлаг. Тргнете го настрана.

2.Во ладното млеко сипете ги шлаг кремите од карамел и изматете ги во шлаг.

3.Додајте го крем сирењето и шеќерот, па соединете, а потоа целиот крем сипете го во шлагот од слатката павлака и соединете.

4.ФИЛУВАЊЕ: кора, малку чоколадно млеко за да се натопи кората, па третина од филот.

Продолжете по истиот редослед и завршете со крем со кој треба да ја премачкате целата торта.

Декорирајте по желба. Оставете да се олади во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/GHrLaJXZHtk?si=bhkqENiygilnQfCV