ТОРТА ВО ТРИ СЛОЈА – ИЗНЕНАДУВАЧКИ ЛЕСНО СЕ ПРАВИ: Мека кора натопена со фил од жолчки, а одозгора шлаг

Доколку сакате да приготвите некоја едноставна и лесна торта, тогаш направете ја оваа трослојна, од која сите ќе бидат воодушевени. Особено ако ви треба некоја фантастична торта за специјална пригода, вие направете ја оваа.




Трослојната торта има неверојатен вкус и многу лесно се прави. Има готвење, но нема печење и не е воопшто комплицирана и не одзема многу време. Никој нема да ви поверува дека не сте ја купиле од некоја скапа слаткарница, толку добро изгледа секое парче кога ќе се пресече. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 4 јајца, 60 г шеќер, 80 г брашно, 35 г какао, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка екстракт од рум (или по вкус), 50 мл вода. ЗА ФИЛ: 4 жолчки, 200 мл млеко, 200 г путер, 50 г шеќер кристал, 160 г шеќер во прав, 25 г брашно. ЗА СИРУП: 80 мл вода, 50 г шеќер, 1 лажичка екстракт од рум. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 300 мл слатка павлака, 40 г шеќер, 50 г чоколадо




ПОСТАПКА: Во посебен сад одвојте ги белките од жолчките (јајцата да бидат на собна температура). Белките пенасто изматете ги, па започнете постепено да го додавате шеќерот додека непрекинато матите. Потребно е шеќерот целосно да се растопи и да добиете цврст снег кој не паѓа.




Во друг сад изматете ги жолчките со жица-маталка и соединете ги со румот и водата. Постепено додавајте ги во снегот од белки додека постојано матите. Во пенливата смеса од јајца додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и какао. Добро изматете додека да добиете изедначена, воздушеста и пенлива смеса. Може да изматите и со миксер.




Добиената смеса излејте ја во калап со флексибилен обрач и димензии 20х20 см или слично, претходно обложен со хартија. Израмнете протресете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Печената кора оставете ја малку да подизлади, извадете ја од калапот и поставете ја врз десертна чинија.




ЗА ПРЕЛИВ НА КОРАТА: Во едно тенџере ставете 50 г шеќер, па прелијте со 80 мл вода и 10 мл есенција од рум. Ставете на оган и промешајте додека шеќерот да се растопи. не е потребно да се вари овој сируп. Рамномерно прелијте го врз кората или со кујнска четка премачкјате ја целата површина.




ЗА ФИЛ: Одвојте ги белките и жолчките од 4 јајца. За филот ќе ви бидат потребни само жолчките, а од белките може да приготвите орасници, целувки или да ги приготвите како диетален омлет-појадок. Во жолчките ставете го шеќерот, па пенасто изматете ги. На средина од матењето започнете постепено да го додавате шеќерот во прав, па продолжете со миксење додека да добиете густа смеса.




Во изматените жолчки со шеќер наизменично додавајте ги млекото и брашното, па изматете да се изедначи смесата, да биде мазна и без грутчиња. Прелијте ја во тенџере и ставете да се загрева на умерен оган со непрекинато мешање. Варете додека да се згусне како пудинг. Тргнете на страна и оставете целосно да се олади.




Путерот кој претходно сте го исечкале на коцки, омекнат на собна температура, пенасто изматете го со миксер. Во него започнете малку, по малку да додавате од сварениот и оладен крем. Путерот и кремот мора да бидат на иста температура. Сиот крем истресете го врз оладената кора, распоредете рамномерно и израмнете.




ЗА ДЕКОРАЦИЈА: Во 300 мл ладна слатка павлака (од фрижидер) ставете 40 г шеќер во прав, па изматете со миксер додека да добиете шлаг. Шлагот нанесете го врз белиот крем и израмнете. Тортата ставете ја во фрижидер да се олади и стегне најмалку 2 часа. Одозгора ситно изрендајте чоколадо по ваш вкус. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаОВАА КОМБИНАЦИЈА НА ХРАНА Е НАЈЛОША ЗА ЖЕЛУДНИКОТ: предизвикува надуеност, грчеви и болки!
Следна статијаЧЕМБЕРЛЕН ТОРТА: Фантастична торта чиј вкус е незаборавен – прогласена за најдобра меѓу најдобрите