Фантастична торта чиј вкус е незаборавен. Грилијаш лешници, ореви, чоколадо и путер, овие состојки гарантираат уживанција за непцето. Моите веднаш после првиот залак рекоа дека оваа торта е најдобра меѓу најдобрите, најдобра од сè што сме пробале досега, а верувајте ги имам направено сите најдобри торти.




После преубавата Интерконтинентал торта, ја испробав и оваа и воопшто не се појакајав. Оваа торта е токму по мој вкус, старинска е, со јаткасти плодови, без шлаг и останати слични додатоци. Рецептот малку го променив и излезе навистина фантастично. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 2 кори): 12 белки, 300 г шеќер, 300 г мелени ореви, 2 лажици брашно. За секоја кора поединечно поделете ги состојките на два. ЗА ФИЛ: 12 жолчки, 16 лажици шеќер, 50 г чоколадо за готвење, 50 г млечно чоколадо, 20 г ванилин шеќер (2 кесички), 400 мл млеко, 4 полни лажици густин, 300 г путер. ЗА ГРИЛИЈАШ: 150 г шеќер, 100 г печени лешници




ПОСТАПКА: Рерната вклучете ја на 200 степени. Во посебен сад ставете 6 белки, па пенасто изматете ги додека да станат цврсти на допир. Потоа постепено започнете да додавате 150 г шеќер и матете додека тој да се растопи.




На крај додајте 150 г мелени ореви помешани со 1 лажица брашно, но овојпат промешајте со шпатула, со превртување на смесата од долу кон нагоре, внимавајќи смесата да остане пенлива и воздушеста. Големиот плех од рерна 30х40 см обложете го со хартија, а хартијата намастете ја со путер и набрашнете ја со малку брашно.




Истресете ја подготвената смеса, распоредете рамномерно внимавајќи да не останат воздушни празнини, израмнете и ставете да се пече 15 минути во веќе загреана рерна на 200 степени.

Истата постапка повторете ја уште еднаш за да добиете две еднакви кори. Печените кори најрпво оставете ги да се оладат, а дури потоа отстранете ја хартијата од нив. Потоа пресечете ги надолжно на половина за да добиете 4 кори.




ЗА ФИЛ: Пенасто изматете 12 жолчки со ванилин шеќер и 10 лажици шеќер, додајте 4 лажици густин и 100 мл млеко. изматете добро додека да се соединат состојките, да нема грутчиња. Остатокот од млекото, 300 мл ставете го 6 лажици шеќер да зоврие.

Штом зоврие, малку од врелото млеко ставете во изматените жолчки и брзо промешајте. Ова се прави за да се стоплат жолчките и да не се сварат со грутки кога одеднаш ќе ги ставите во зовриеното млеко.




Смесата од жолчки започнете постепено да ја додавате во врелото млеко (потргнете го малку тенџерето на страна и намалете ја температурата). Непрекинато мешајте на ниска температура додека кремот да се свари и да се згусне како пудинг, околу 7 минути.

Потоа тргнете од оган и веднаш во врелиот крем додајте чоколадо искршено на коцки (млечно и црно). Прекријте со проѕирна-стреч фолија и оставете целосно да се олади.




Путерот омекнат на собна температура пенасто изматете го, па започнете лажица по лажица да го додавате во изладениот крем и непрекинато матете со миксер. Путерот и кремот треба да бидат на иста температура. Добиената смеса поделете ја на четири еднакви делови. Плехот повторно обложете го со хартија за печење.




Во едно помало тенџере на умерена температура растопете го шеќерот до златна боја на карамел. Додајте ги лешниците и протресете го тенџерето лево-десно додека сите лешници да се обложат со карамел.

Излејте ја смесата врз хартијата за печење и оставете целосно да се олади. Потоа искршете ја на парчиња и крупно солемелете ја со помош на блендер или сечко (немојте премногу ситно за да се осетат и некои поголеми делови, но може и ситно).




РЕДЕЊЕ: Првата кора премачкјате ја со фил, наросете грилијаш, па ставете втора кора. Истото повторете го со втората и третата кора. Кога ќе ја ставите четвртата кора премачкјате ја целата торта со фил и одозгора наросете грилијаш, па декорирајте по желба. Тортата оставете ја да отстои преку цела ноќ во фрижидер, а следниот ден сечете и послужете. Рецепт на Мојеџаконије / Сооlinarika.com