Рецепт и видео прилог на “Шерпица” – Мусака со боранија и мелено месо.

Сочно, вкусно, ма преубаво. Ручек кој мора да го направите. Ова е јадење кои многумина го немаат пробано. Боранија со месо од рерна, кога еднаш ќе го пробате, постојано ќе го правите.

Потребни состојки: 700 г боранија, свежа или замрзната, жолта или зелена, 300 г мелено месо, било кое, 150 мл доматни пелати или варени домати, 150 мл вода (ако користите варени домати, тогаш ставете само 100 мл вода), 1 голема главица кромид и 50 мл масло.

Уште ќе ви биде потребно: 3 лажици брашно, 1 јајце, 200 г кисела павлака, лист од магдонос, сол, црн пипер, 1 лажица црвена зачинска пиперка и кругови домат за декорација

Постапка: Сварете ја боранијата во вода во која сте додале сол. Гответе ја на умерен оган додека да омекне. Кромидот излупете го и ситно исечкајте го, па издинстајте го на малку масло.

Додадете мелено месо и пропржете го додека да ја смени бојата, додадете доматни пелати, вода, магдонос, сол, црн пипер, црвена зачинска пиперка во прав. Оставете да динста 10-тина минути.

Исцедената боранија додадете ја во динстаното месо кое сте го тргнале од оган. Додадете 2 лажици брашно, промешајте и ставете сè во плех или огноотпорен сад со средна величина.

Изматете јајце со павлака, брашно, малку посолете и прелијте преку боранијата. Печете во рерна околу 20 минути на најсилна температура. Деталите можете да ги погледнете во видеото: