Тинктура од коприва за анемија, енергија, проблеми со кожа и коса, црева и уринарен тракт

Фото и рецепт: Марија Родиќ

Овој тинтура ја приготвувам за да го прочистам организмот, за повеќе енергија и да го покачам нивото на железо во организмот.

Ја полнам теглата со околу две шаки свежо набрана коприна или сува ако немам свежа и ја преливам со 70% алкохол купен од аптека. По моженост теглата треба да биде темна, односно завиткана со фолија. Се чува на темно место 3 седмици по што се процедува и се пие трипати дневно по 15 капки. Помага за многу различни тегоби и болести.

НМД:

Ако ги прочитате искуствата на луѓето кои користеле тинктура од коприва, ќе забележите дека дефинитивно не станува збор за преценет производ, бидејќи освен што докажано помага при опаѓање на косата, помага и кај други тегоби, на пример анемија.

Со оглед на тоа дека станува збор за природен производ без штетни хемикалии, не треба да се грижите дека ќе го наруши здравјето на другите органи како што е случај со други производи кои се рекламираат за намалување на опаѓањето на косата.

Не само што нема да го наруши здравјето на другите органи, туку и ќе помогне во работата на бубрезите, респираторниот систем, ќе го алкализира телото, ќе ја прочисти крвта итн.

Копривата освен што важи за една од најлековитите билки, распространете е на нашите простори и нејзината лековитост е позната. Иако традиционално се користела за лекување на бубрези, простата (корен), коски и крв, денес е најпопуларна како природен лек против опаѓање и побрз раст на косата.

Навистина постои причина за тоа, бидејќи сите што ја пробале тинктурата од коприва – забележале подобрување. Причините за тоа се повеќе: од една страна, богата е со витамини и минерали кои и се потребни на косата за да биде силна и здрава, а од друга страна ја подобрува циркулацијата, што значи дека тие витамини и минерали полесно доаѓаат до коренот на косата.

Ако немате време и трпение сами да си направите тинктура, најдобро е да си купите од аптека, некоја што е направена од лист од коприва со 50% етанол. Тинктурите кои се направени од цела билка со домашна ракија или со повеќе/помалку алкохол со лош квалитет – ќе дадат послаби резултати.

Потребни состојки:

Свежо набран лист од коприва или сув лист

Медицински алкохол 50-70%

Постапка:

Теглата наполнете ја до врв со свежа билка или до половина ако е сува и прелијте ја со медицински алкохол. Добро затворете и оставете во темна и ладна просторија. На неколку дена протресувајте ја теглата. По еден месец процедете ја тинктурата во темно шишенце, најдобро со капалка.

КОРИСТЕЊЕ:

Правилно користење на тинктурата е 3 пати дневно по 15 капки. Се става во врела течност и така се пие. На тој начин се хидратизира целиот организам. При користењето бидете внимателни бидејќи ова е силен природен препарат, па потребни се паузи за да се одмори организмот.

Откако ќе испиете 50 мл, потребно е да се направи пауза од околу 14 дена. Ако веднаш после тоа испиете и второ шишенце од 50 мл, потоа е потребно да направите подолга пауза од 2 месеци.

За првут и јадеж, освен одвнатре, може да се делува и однадвор со блага масажа на скалпот и испирање на косата со чај од коприва.

ТИНКТУРАТА ОД КОПРИВА Е ЛЕКОВИТА ЗА:

-јакнење на крвта

-болести на дигестивен систем

-урамнотежување на дигестијата

-намалување на мигрени

-регулирање на анемија

-лекување на уринарни инфекции

-ревматизам и атеросклероза

-егземи на кожа

-проблем со масна кожа

-раст на коса и намалување на опаѓањето, против првут и јадеж

-ублажува алергиски реакции

Во копривата се содржи најмногу железо, па така е погодна за лица кои патат од анемија. Содржи и флавоноиди кои добро делуваат врз работата на целиот организам.

ваши коментари:

Коментар на Тања Пејиќ: „Тинктурата е за 10! Јас ја пробав исклучиво поради тоа што почна да ми опаѓа косата, а и онака ми беше слабо и тенко влакното. Веќе за 3-5 дена почувствува трпки по целиот скалп, нагло се намали опаѓањето и почна да ми расте нова коса. Тоа баш така ми се случи, кратко и јасно!“

Коментар на ЕленаИ.: „Косата ми никна таму каде ми беше најмногу проретчена. Сега повторно имам бујна коса, не ми цвета и стварно сум задоволна. Колешките на работа забележаа дека косата ми е супер“.

Коментар на Валентина К.: „Пред неколку години започна да ми опаќа косата, па почнав да барам лек и така испробав безброј препарати. Барав и лекарска помош, но ништо не ми помагаше. На крај дигнав раце од се’, а тогаш една пријателка ме убеди да ја пробам и оваа тинктура. Морам да кажам дека не се случи преку ноќ, но сега има резултати: косата значително помалку ми опаѓа и ми расте нова коса, што за мене е уоу!!

Loading...