Тинктура од глуварче: за здравје на бубрезите, црниот дроб, регулирање на холестеролот и притисокот

Веројатно нема пораспространета самоника билка во нашите краишта од глуварчето. Расте насекаде и со векови е омилена кај народот како лековита билка за многубројни болести. Глуварчето е особено интересно зошто бидејќи е лесно достапно, а сите делови од билката се лековити.

Пролетно време најмногу се забележува, бидејќи неговите жолти цветови ја прекриваат речиси секоја ливада и полјана. Бидејќи веќе е започнато неговото берење, можеби ќе се одлучите да ја приготвите оваа лековита тинктура која се приготвува многу лесно, а се користи преку целата година. Се користат сите делови од билката.

Потребни состојки:

-свежо глуварче и тоа корен, листови и цвет, набрано рано напролет

-ракија или водка од 35-40% алкохол

Постапка:

Наберете свежа билка која расте во еколошки чиста средина, во време на цветање, напролет. Со помош на алатка или копач извадете ја билката заедно со коренот, бидејќи токму овој дел е најлековит.

Добро измијте ги сите делови, оставете да се исуши и исечкајте ја на што поситни делови.

Деловите од билката можее да ги измиксате на блендер за да добиете смеса во која полесно ќе продре алкохолот. Вака добиената смеса ставете ја во стаклена тегла, па целосно прелијте со ракија или водка.

Можеби подобро е да користите водка поради послабиот мирис, но и ракијата подеднакво успешно ќе ги извлече лековитите состојки.

Најдобар однос е половина да биде корен, а половина лист и цвет.

Садот добро затворете го и оставете на собна температура, вон домет на сончева светлина да отстои 3 седмици. Одвреме навреме протресете ја теглата. После три седмици процедете ја смесата преку газа да остане само течност.

Вака добиената течност содржи концентрација од хранливите состојки на глуварчето. Складирајте во стаклено шише обвиткано со алуминиумска фолија и чувајте на темно место.

Употреба:

Тинктурата се користи кај ревматоиден артритис и гихт, особено е ефикасна за јакнење на функцијата на бубрезите, чистење и лечење на црниот дроб, особено за опоравување од жолтица, хепатитис и слично.

Тинктурата се зема и при зголемени маснотии во крвта, за регулирање на висок крвен притисок и воопшто за прочистување на крвта.

Билкарите ја препорачуваат оваа тинктура и за женски болести, проблеми во менопауза, проблем при доење, цисти и алергии. Тинктурата се користи за создавање и излачување на жолчен сок. Посебна препорака е тинктурата да ја користат дијабетичари како природна контрола на нивото на инсулинот.

Глуварчето ги намалува воспаленијата во телото особено на ниво на крвни садови со што се редуцира опасноста од кардиоваскуларни заболувања.

Најновите студии објавени во Journal of Oncology потврдуваат дека глуварчето има значителна улога во борбата, намалувањето и превенцијата на повеќе видови рак, особено на дојка, простата и кожа.

Освен набројаните благодети, екстрактот на глуварчето кој ќе го добиете на овој начин е преполн со витамините А, Б2, Ц, Д, Г, калиум, натриум, фосфор, калциум и железо.

Тинктурата се користи по потреба, но може и превентивно за целокупниот организам.

Тинктурата се зема на следниот начин:

20-30 капки (по потреба и повеќе) во чаша вода, трипати дневно.

После консумација од три месеци потребно е да се направи паузa.

Претходна статијаБрза бисквитна торта: наместо желе бонбони може и крем банани – децата ја обожуваат (посно)!
Следна статијаБрз бисквитен ролат: превкусен а без печење и без голема мака, го правам многу често