Ова е уште една „варијација на тема“ ТИКВИЧКИ. Истиот рецепт можете да го примените и со модар патлиџан. Лесен и брз ручек во кој сите уживаат. Многу е вкусно и секој залак се топи во уста. Кој е љубител на печурки, може да ги додаде во месото…

Потребни состојки: 5-6 помали тиквички, 1 главица црвен кромид (или обичен, каков имате), 500 г мешано мелено месо (или по ваш избор), ловоров лист, доматно пире, сол и црн пипер по вкус, малку лук во прав, околу 200 г кашкавал (гауда или по ваш избор)

Постапка: ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на малку масло колку да застакли и омекне, па додајте го меленото месо, ловорот и зачините. Динстајте околу половина час со додавање на вода повремено по потреба.

За тоа време подгответе ги тиквичките. Добро измијте ги и пресечете ги надолж, па издлабете ги со мала лажичка. Она што ќе го извадите ставете го во меленото месо заедно да се издинста и омекне.

Пред крајот на динстањето додајте неколку лажици доматно пире. Полнете ги тиквичките со приготвениот прелив, а одозгора наросете со рендан кашкавал. Ставете ги во рерна да се потпечат на 180 степени околу 40 минути. / Чоколадна32 / Сооlinarika.com Тиквичките можете да ги полните и на поинаков начин:

Полнети тиквички со мелено месо, кашкавал и многу вкусен прелив. Ова јадење најмногу ми го сакаат дома и затоа често го правам кога има млади и свежи тиквички.

Потребни состојки за полнење: 300 г мелено месо (со јунешко е најубаво), 1 главица црвен кромид (или обичен), 2-3 моркови, 3-4 лажици ориз, неколку ливчиња целер, 1-2 домати и малку салца или пире од домати.

По потреба: сол, црн пипер, оригано, вегета, црвен пипер, мешавина за мелено месо-зачини, свеж босилек и магдонос. Останати состојки: 2-4 тиквици (зависи од големината), малку масло, неколку лажици рендан пармезан или друг кашкавал.

За прелив: 3 јајца, 100-150 мл кисела павлака, 100-150 мл млеко, 1 лажица брашно, остатоци од тиквичкитте, рендани, малку сол и црн пипер.

Постапка: Кромидот исечете го тенко и испржете го на масло, па кога ќе добие стаклеста боја додајте го меленото месо и пржете додека месото да се „раз.бие“ и да ја промени бојата.

Во пржениот кромид додајте мелено месо. Пржете додека сета вода што ја испуштило месото да испари, а месото да потемне и има сличен мирис на плескавица. Ко0га местото ќе биде готово, додајте исечкан морков, малку пропржете, па додајте ориз кој исто така треба да се пропржи.

Додајте сечкани листови целер, а магдоносот се додава на средина од динстањето. Додајте излупен домат исечкан на коцки, па повторно промешајте. Залијте со малку врела вода, па поклопено оставете да крчка на тивко.

Повремено мешајте и долевајте вода по потреба. Сосот гответе го 20-30 минути или помалку. Свежиот босилек и магдонос исечкајте ги и додајте ги во сосот со месо. Тиквичките измијте ги, а ако се млади не треба да ги лупите. Исечете ги на парчиња со должина од 3-4 цм.

Секое парче издлабете го со чајна лажичка и редете ги во тепсија едно до друго, за да исланирате отприлика колку простор ќе ви зафатат. Сите остатоци се рендаат крупно, па кој сака може да го додаде во месото, но јас не го додавам.

Ренданите тиквички посолете ги и оставете ги да пуштат вода. Издлабените тиквички сварете ги кратко во солена вода 3-4 минути. Наредете ги во намастена тепсија. Секое парче полнете го со сосот од мелено месо.

Одозгора ставете малку рендан пармезан или некој друг кашкавал. Печете во рерна околу 15-20 минути на 200 степени. Во еден сад измешајте јајца, павлака, млеко и брашно. Посолете и ставете црн пипер по вкус.

Ренданите тиквички добро исцедете ги и додајте ги во смесата со јајцата, па измешајте. Секое парче тиквица прелијте го со лажица. Зафатете од дното на садот, зошто ренданите тиквички потонуваат. Остатокот од преливот излијте го помеѓу тиквичките. Печете 15 минути додека да заруменат.