Сега е време на тиквичките, ова е супер идеја која секако треба да се проба. Одлично изгледа, брза подготовка, едноставно и вкусно. Количините можете да ги прилагодите според потребите.

Во рецептот се користи пченкарно брашно, но може да употребите и палента доколку во моментот немате при рака. Овој брз рецепт може да се приготви за појадок или вечера, пробајте, излегува фантастично!

Потребни состојки:

1 тиквичка
малку сол
1 јајце големо
1 шолја јогурт
3 лажици пченкарно брашно
1 лажица бело брашно
70 г сирење
½ лажичка сода бикарбоба

Постапка:

Тиквичката убаво измијте ја, излупете ја и исечете ја на тенки тркалца. Посолете и оставете ги на страна додека ја приготвувате смесата за прелевање.

Во еден сад излатете јајце со жица за матење, па додадете една шолја (200) јогурт, па уште малку промешајте. Додадете мешавина од 3 лажици пченкарно брашно и една лажица бело брашно. Соединете ги состојките.

Додадете 70 г издробено и половина лажичка сода бикарбона. Промешајте.

Плех со средна величина обложете го со хартија за печење, на на дното наредете еден ред тркалца од тиквички. Одозгора рамномерно прелијте ја смесата со јогурт и израмнете.

Врз смесата наредете втор слој тиквички (за одозгора оставете поголеми тркалца). Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени додека убаво да зарумени. Деталите можете да ги погледнете во видеото: