Потребни состојки: 1 лажица маст, 1 прстофат сол, 1 прстофат шеќер, 1 лимон (сок и ситно рендана кора), 1 квасец, 200 мл ладна вода, 2 јајца, 2 жолчки, 50 мл ракија (сливова), 650-700 г меко брашно, 200-250 г домашна маст (сало), џем од сливи, шеќер во прав со ванила

Постапка: земете еден подлабок сад па во него ставете една голема лажица маст полна до врв, прстофат сол, прстофат шеќер, сок и ситно рендана кора од еден лимон, 200 мл ладна вода, ракија, две цели јајца и две жолчки. Сето ова измесете го низ прсти па додајте приближно 700 г меко брашно или по потреба.

Количината на брашно зависи од големината на јајцата и лимонот. Тестото не смее да лепи на раце. Се меси приближно пет минути за да се активира глутенот и да стане меко, мазно и еластично. Прекријте го со чиста сува крпа и оставете го на собна температура да одмори еден час или додека убаво да го удвои волуменот.

Во меѓувреме пригответе го салото: важно е од него да се исчистени сите црвени жилички. Можете пенасто да го изматите со миксер. Маста треба да биде пенлива и лесна, за да може лесно да се размачкува како крем.

Кога тестото е добро одморено, развлечете кора во вид на правоаголник со дебелина од приближно половина центиметар. Рамномерно премачкајте го со тенок слој маст и започнете со преклопување.

Прво подолгата страна преклопете ја на половина, па повторно премачкајте со сало. Потоа пократките страни свиткајте ги до половина и премачкајте со тенок слој сало. На крај преклопете го тестото како книга и ставете го на малку набрашнета чинија, во фрижидер да одмори еден час.

Сето ова мора да се повтори уште двапати, значи тестото треба вкупно трипати да биде премачкано и треба три часа да одмори во фрижидер. Сега развлечете не толку тенка кора за да не се уништат направените ливчиња, туку нека биде со дебелина од околу 1 см.

Кога ќе помине и третиот час ладење, тестото развлечете го со оклагија во правоаголник и со остар нож опкројте го од сите страни за да се разлиста од секаде убаво. Со еден потег сечете ја кората на правоаголничиња со димензија 5х7 см и на секој во средината ставете лажиче џем од сливи или некој друг, па преклопете на половина без притискање.

Редете ги на плех обложен со хартија за печење, и внимавајте да оставате простор помеѓу нив, зошто многу ќе нараснат. Рерната загрејте ја на 250 степени. На дното од рерната ставете метална чинија или мало тенџере со вода со што ќе се добие еден вид „бања“ (што е идеално за печење на сите лиснати теста).

Салчињата се печат во добро загреана рерна 10-15 минути, по можност без отворање на рерната. Кога ќе изладат наросете ги со шеќер во прав.