Home Рецепти ТЕСТО ГОТОВО ЗА 15 МИНУТИ: побрзо и повкусно печиво не сте пробале

ТЕСТО ГОТОВО ЗА 15 МИНУТИ: побрзо и повкусно печиво не сте пробале

Потребни состојки:

4 шолји од 200 мл брашно

2 лажици шеќер

½ лажица сол

2 лажици масло

500 мл млеко

11 г сув квасец (1 кесичка)

Постапка:

Тестото навистина многу едноставно се приготвува.

<

Спојте ги сите состојки во една хомогена смеса. Тестото што ќе го добиете се става во кеса, па во фрижидер да одлежи два часа.

Потоа тестото се вади од фрижидер и лесно за набрашнува (се валка во брашно).

Од ова тесто можете да приготвувате пирошки, лепињи или кифлички.

Може да се пече во рерна или да се пржи во масло.