ТЕРАПИЈА СО ПЛЕСКАЊЕ НА ДЛАНКИТЕ: ја подобрува циркулацијата, имунитетот, вештините, концентрацијата, енергијата

Ретки се моментите кога возрасни луѓе плескаат со раце, освен кога ракоплескаат за аплауз после одгледана претстава или кога си играат со мали деца. Плескањето е еден начин на кој им искажуваме поддршка на другите.

Но, имаме заборавено колку овој чин може да биде забавен и релаксирачки. Сигурно сте забележале дека малите деца за разлика од возрасните, плескаат почесто и тоа без посебна причина, а додека тоа го прават, телото им вибрира од радост. За децата тоа е природна состојба, израз на животна радост која извира од нивните тела.

Ако се прашувате дали воопшто има некаква корист од плескањето, ќе се изненадите колку всушност е тоа здраво. Исто како и насмевката, плескањето не ве чини ништо, а во вас и кај луѓето околу вас буди веселба и радост. Пробајте и уверете се колку оваа активност е позитивна и исцелувачка!

ПЛЕСКАЊЕ КАКО ОБЛИК НА ТЕРАПИЈА

На дланките се наоѓаат дури 28 акупресурни точки, а секоја од тие точки е поврзана со одреден орган во вашето тело и со нивна стимулација и масажа може позитивно да се влијае врз здравјето.

Со плескањето вие ги стимулирате рецепторите во дланките кои пренесуваат сензации до вашиот мозок. Денес постои терапија со плескање, а оваа активност се практицира во некои видови јога и qi gong токму поради тоа што буди спокој и го урамнотежува умот.

-Со плескање се јакне имунитетот

Се утврдило дека луѓето кои секојдневно се плескаат по телото и рацете имаат поголема будност, поголема сила и виталност, а нивниот имунилошки систем е посилен. Со плескањето се јакнат белите крвни зрнца и се зголемува отпорноста на бројни хронични заболувања.

-Се подобрува циркулацијата

Плескањето ја поттикнува циркулацијатаи спречува застој во венската и артериската циркулација. Исто така, со удирање дланка со дланка – според некои сознанија – се намалува холестеролот! Особено им се препорачува на луѓе кои долг период поминуваат во климатизирана просторија и кои не се потат. Со плескањето ќе ја поттикнат циркулацијата и чистењето на крвта. На топј начин се енергизира телото и се поттикнува оксигенација на ткивата и органите.

-Им помага на луѓе со низок крвен притисок

Ако и вие спаѓате во оние кои често чувствуваат слабост и несвестици како последица на низок крвен притисок, можете да ја правите терапијата со плескање. Наместо да седите, застанете исправено на нозе, испружете ги рацете во воздух и плескајте со рацете барем 5 минути. Плескајте дланка од дланка, а потоа секоја рака поединечно, па нозете почнувајќи од стапалата, па нагоре.

-Ублажува болести на срце и астма

Бидејќи плескањето го поттикнува протокот на крвта и кислородот кон белите дробови, ублажува разни тегоби поврзани со срцето и белите дробови. Со плескањето всушност се подобрува работата на целиот нервен систем. Исто така, се покажало дека ги ублажува тегобите предизвикани од астма.

-Помага кај артритис и гихт

Плескањето се покажало особено корисно кај лица на постара годишна возраст кои боледуваат од гихт и артритис. Со помош на плескањето се ублажуваат болки во зглобови, врат и рамења.

-Помага при опстипација

Плескањето е особено корисно за сите оние кои имаат дигестивни пореметувања. Со практицирање на овој забавен метод може со текот на времето да се ублажат дигестивните и желудечните тегоби како гастритис и ждригавица.

-Се изострува умот и вештините

Истражувањето спроведено во Израел покажало дека пеењето песни во комбинација со плескање подобрува важни вештини кај децата независно од нивната возраст.

Студијата открила дека тие деца имаат поуреден ракопис и дека поретко грешат во пишувањето. Со плескањето се подобруваат менталните способности кај возрасните, бидејќи со тоа се активира поголемиот дел од мозокот.

КОГА И КАКО ДА СЕ ПЛЕСКАМЕ?

Плескањето е најдобро да се практицира во утринските часови, бидејќи тогаш се постигнува максимален резултат. Таа активност може да трае од 20 до 30 минути и тогаш служи како вистинска терапија. Додека плескате, внимавајте дланките да ви бидта испружени и да ви се допираат јагодиците на прстите. Рацете нека ви бидат опуштени.

Плескајте пред вас, плескајте високо во воздухот над главата, со едната рака плескајте ја другата рака со тапкање почнувајќи од дланката па нагоре од внатрешна и надворешна страна, рамењата и главата, градите, стомакот, нозете од стапалата нагоре. Истото повторете го и со другата рака и другата нога до задникот.

Пред плескањето можете на дланките малку да нанесете кокосово масло или некое друго хранливо масло, за да може при тапкањето да го впиете во кожата.

Откако ќе завршите со тапкање на стапалата облечете чорапи и топлинки за да спречите губиток на енергија. Продолжете со плескање на дланките колку можете подолго и секојдневно зголемувајте го времето. Здраво лице во еден ден може да изведе дури 1500 плескања со дланките.

Користени извори при пишувањето на оваа статија:

http://www.thehealthsite.com
http://www.laughteronlineuniversity.com

Loading...