Тенки мекици полнети со сирење…Меки се како палачинки, брзи и многу вкусни, одлични за појадок…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 12 големи тенки мекици):

700 г брашно
500 мл млака вода
1 лажичка сол
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица масло
1 супена лажица оцет

За фил:

800 г урда или ситно сирење
2 јајца
сол по вкус

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете меко, нелепливо тесто. Оставете да одмори 30 минути. Потоа поделете го на 12 дела. Обликувајте топчиња и оставете ги 5 минути да одморат.

Секое отворете го во голема тенка кора. Во средината распоредете фил, па со тегнење на аглите од кората затворете го филот.

Спуштајте ги во загреано масло со страната на спојката и пржете ги на умерена температура додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ: