Телешка чорба: за јакнење на детскиот имунитет

Вкусна чорбичка полна со хранливи материи.

Потребни состојки:

450 г телешко месо
2 моркови
2 компири
1 кромид
1 пашканат
½ китка магдонос
корен и лист од целер
сол, црн пипер во зрно, ловоров лист

запршка со вода:

2 лажици брашно
1 лажичка црвен пипер

и уште:

1 жолчка
100 мл неутрална павлака за готвење или обична кисела павлака

Постапка:

Loading...

Ситно исечкајте го зеленчукот и месото. Потоа во тенџерето додадете малку масло и кромид и оставете да се динста на тивок оган.

Кога кромидот ќе омекне, додадете го месото, па динстајте 15 минути на тивок оган. Кога месото ќе се издинста, додадете два литри вода.

Додадете го зеленчукот кој ситно сте го исечкале. Додадете ловоров лист и црн пипер во зрно, по вкус. Оставете ја чорбата да се вари околу два часа на тивок оган.

Направете запршка од малку брашно (може и пченкарно) и црвен пипер во прав со малку вода. Сето тоа измешајте го и додадете го во врелата чорба. Зачинете ја чорбата со сув зачин или со сол.

Оставете ја да крчка уште 10-тина минути. Додека чорбата врие, изматете го јајцето со неутралната павлака за готвење. Потоа додадете ги во чорбата и промешајте.

Loading...