Неоправдано се смета за плевел, а тегавецот спаѓа во билки кои се најефикасни во природната медицина.

Се споменува во старите англосаксонски записи под името Лакнунга, како една од 9-те свети растенија. Разликуваме два вида, машки и женски тегавец, од кое женскиот е пораспространет и расте ниско, а машкиот се карактеризира со високи стебленца со цвеќиња.

Состав и употребата на тегавецот, кај кои состојби помага

Се користат листовите, но и семето на растението. Листовите може да се јадат како салата, слично на спанаќот, иако вкусот е малку горчлив. Во народната медицина се користи и семето од тегавец и се препорачува како добар природен лаксатив. Се користи во форма на чаеви, сирупи, мевлеми и тинктури.

Ова растение содржи бројни витамини, меѓу кои: А, Ц и К, голема количина на железо и калциум, танини, алантоин, иридоидни гликозиди и билен лепак. Овие состојки се најодговорни за антиинфламаторното дејство, спречување на иритација, заштита од микроорганизми (антимикробно својство) и силно антиоксидативно дејство – тегавецот е фантастичен за детоксикација на организмот.

Исто така, има антибактериски својства, така што неговиот екстракт дава одлични резултати кај белодробни инфекции и искашлување. Се користи за проблеми со горниот респираторен тракт, за воспаление на слузокожата на усната шуплина и фаринксот, и кај синдром на нервозни црева.

Особено е интересно што влијае врз чистењето на жолчното кесе и спречува формирање на камења. Исто така, се користи за лекување рани и разни видови лузни, како и за смирување на кожата со акни.

Има многу добар ефект врз кардиоваскуларниот систем и го зајакнува срцето, а го намалува нивото на холестерол.

Не е забележано дека употребата на тегавецот има несакани ефекти, но оние кои имаат проблеми со згрутчување на кр-вта, бремени жени, доилки и хронични пациенти кои имаат редовна терапија, треба да се консултираат со лекар и да не пијат големи количини на чај.

Помош при откажување од пушење

Чајот од тегавец може да ви помогне да се откажете од пушењето за три месеци. Го подготвувате како и секој друг чај, а потребни ви се прстофат сува билка (лист од тегавец) и половина литар вода.

Прелијте ја билката со врела вода и оставете да отстои два часа во стаклено шише или некој друг сад, поклопено. Оваа количина чај треба да ја пиете секој ден, а најмногу за три месеци едноставно ќе се уморите од цигарите и ќе ги отсакате. После тоа ќе настапи долг период на искашлување на слузта и катранот кој се наталожил на белите дробови.

Постои и рецепт за билни мешавини што треба да се додаваат во тутунот и кој го има истиот ефект. За овој начин на откажување, потребни ви се суви билки, кои потоа се додаваат во одредена пропорција и се мешаат со тутунот. За овој метод, потребно е да се консултирате со фитотерапевт.

Против камења во жолчката

Ако консумирате осум грама семе од тегавец дневно, можете да помогнете во спречување на жолчни камења. Семето на тегавецот е добро да се користи против паразити, амеби и глисти. Се препорачува како лаксатив, особено кај деца и во воспалителни состојби на слузокожата.

Ефикасно кај кожни болести

Речиси сите кожни болести кои се последица на воспалени процеси (мозолчиња, розацеа, псоријаза), може да се излечат ако редовно се користат тинктури или мевлеми од тегавец. Можете да направите природни лосиони и мелеми базирани на оваа билка – сите состојки може да ги најдете во билна аптека или во продавниците за здрава храна, а тегавецот можете едноставно да го наберете од некоја еколошки чиста средина.

Ако измешате листови од тегавец со невеново и кокосово масло и го оставете да отстои, ќе добиете природен лосион кој помага при иритации на кожата и го смирува воспалението. Се нанесува на кожата наутро и навечер.

Можете исто така да направите мевлем за проблеми со кожата така што ќе сомелете свежи листови од тегавец за да ја исцедите од него течноста, а потоа во сокот ќе додадете билен лепак и ќе го нанесете директно врз кожата. И во овој мевлем можете да додадете малку масло (арганово, маслиново, рицинусово).

Со додавање на пчелин восок или мед во течноста од мелениот тегавец, ќе добиете одлична, квалитетна и природна маска за лице која служи за лекување, но и за секојдневна нега.

Лек за намалување на срцето и холестеролот

Ако редовно консумирате тегавец во каква било форма, ќе спречите срцеви проблеми и хипертензија. Исто така, утврдено е дека тегавецот како лек делува врз намалувањето на нивото на триглицериди и т.н. ЛДЛ холестерол (лош). Истовремено, тој делува на ХДЛ (добар) холестерол и ја одржува рамнотежата со цел комплетниот кардиоваскуларен систем да функционира хармонично.

Безбеден за кожата на домашно милениче

Интересно е тоа што кучињата и мачките толерираат тегавец ако се нанесе локално во вид на облога натопена во посилен чај, па можете да ги миете нивните осипувања, рани или да ги санирате другите проблеми со кожата. Само внимавајте миленичето да не ја лиже кожата додека да се апсорбира течноста.

Како да направите чај од тегавец

За овој чај, потребни ви се 500 грама свежи лисја. Сокот најлесно се прави во соковник. Листовите можете да ги изгмечите со рачен миксер или блендер, да го процедите низ газа. Консумирајте лажица сок измешан со половина лажица топла вода неколку пати на ден.

Чајот од тегавец е добар против пролетен замор, забрзување на метаболизмот и белодробни заболувања, дури и туберкулоза.