Потребни состојки:

1 кг брашно

250 мл газирана вода

500 мл масло

3 лажици шеќер

1 прашок за печиво

За шербет:

500 г шеќер

700 мл вода

1 лимон – сок

1 ванилин шеќер

250 г ореви цели јатки

Постапка:

Во брашното додадете прашок за печиво и промешајте, па додадете шеќер, газирана вода, масло и убаво промешајте и формирајте тесто.

Замесете го тестото со раце, малку тестото ќе биде ронливо, но така треба да биде.

Намастете ја тепсијата со путер и тестото натапкајте го на дното како кора. Може да си помогнете со алатката за пасирање компир. Треба добро да се притисне тестото и да се остави 10-тина минути да одмори додека се загрева рерната.

Прво вклучете ја рерната 220 степени, па потоа намалете.

Исечете на ромбови, по една јатка ставете на секој ромб.

Ставете да се пече во рерна на почетокот малку посилно, па кога ќе зарумени намалете на 150 и печете околу час и 15 минути до час и половина, добро да се исуши. Печените татлии извадете ги од рерна и оставете да изладат.

Шеќерот и водата ставете ги на оган да зоврие, па додадете лимонов сок и варете уште 10-15 минути додека малку да згусне.

Ладниот колач прелијте го со врел шербет.

Деталите погледнете ги во видеото: