Кога станува збор за подготвување на месо, процесот не е многу тежок бидејќи само се зачинува и се става на печење. Нема многу обврски околу него, бидејќи е лесно за подготовка. Иако, некои меса се подготвуваат подолго време, тоа време е всушност печењето, кое не ве задржува во кујната.




Сепак, иако процесот на печење или пржење на месо изгледа едноставен, секогаш треба да држите до некои одредени правила за месото да излезе сочно и меко однатре, а однадвор да биде крцкаво. Тенка е границата помеѓу сочно и суво месо, така што ако го пржите повеќе од неколку минути, колку што е предвидено, месото веднаш дехидрира и ја губи својата сочност.




За да подготвите свински врат, треба да знаете дека печењето на 1 кг свински врат е околу 1 час. Така што, ако месото коe треба да го испечете тежи 3,5 кг, тогаш го печете онолку часови колку што тежи, односно 3,5 часа. Во продолжение прочитајте како да го подготвите најсочното свинско кое се топи во уста како локум.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3,5 кг свински врат, 1-2 лажици сол, 1 лажица вегета, 2-3 лажици свинска маст, 200 мл вода, 1,5 кг компири или по желба.




ПОСТАПКА: Свинскиот врат ставете го на дрвена даска за сечење и добро исушете го со хартија, доколку е влажно. Посолете го и зачинете го месото од сите страни со раце, со добро натапкување.




Ставете 1 мала лажичка сол од едната страна и нешто помалку и од другата страна и од страните. Истото направете го и со вегетата, која треба да ја ставите во помала количина, за месото да не ви излезе пресолено.




Длабоката тава за печење премачкајте ја со свинска маст обилно, отприлика 1 голема лажица.  Ставете го месото во тава и прелијте го со 100 мл вода од страните, а одозгора обилно премачкајте го со уште 1 лажица свинска маст.

Покријте со соодветен капак и печете 1 час на 220°C (ако немате капак, тогаш ставете еден слој хартија за печење и уште 2-3 слоја алуминимска фолија одозгора). По 1 час превртете го месото од другата страна, проверете колку вода има и додајте уште 100 мл, поклопете и продолжете со печење уште 1 час на 180°C.




По изминатото време, превртете го повторно месото, по потреба додајте уште малку вода и печете уште 1 час на 170°C. По изминатите 3 часа извадете го капакот и печете го месото уште 20 минути на 200-220°C за да добие убава боја и коричка. Извадете и покријте го со фолија.




Компирите измијте ги добро под млаз вода и исечкајте ги на ситни парчиња (како за помфрит или подебели компири). Зачинете ги и ставете ги да се испечат во маснотијата која останала во тавата од месото.




Печете ги околу 30-тина минути на 220°C, со повремено проверување. Компирите треба да станат крцкави и не заборавајте да ги зачините по ваш вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.