Пренесување на моштите на Свети Николај во Бари (Свети Никола – Летен)

Празник на пренесувањето на моштите на Свети Никола Мирликиски.

Сè до XI век моштите на св. Никола, великиот Божји архијереј, се наоѓале во градот Мир во областа Ликија.

Овој град се наоѓал во југозападниот дел од Мала Азија. Денес овој град не постои, освен неговите урнатини на територијата на Турција, кои сведочат за градот Мир како еден од петте значајни градови на ликиската цивилизација.

Bo 1087 година Турците и другите муслимански племиња ги покориле христијанските земји од Антиохија до Ерусалим.

Тогаш во нивни раце паднал и градот Мир, којшто бил целосно опустошен. Ho, на Господа My било угодно светите мошти на

Својот угодник да бидат пренесени од опустошениот град Мир во надалеку познатиот град Бари, кој тогаш изобилувал co цркви и манастири во кои се чувала и негувала православната вера и предание.

Ha еден праведен и набожен презвитер, кој живеел во градот Бари, ноќта му се јавил свети Никола и му рекол да се соберат градските првенци и свештеничкиот клир и да испратат лаѓи во Мир и оттаму да ги пренесат неговите мошти во градот Бари.

Презвитерот утредента во црквата го раскажал своето видение, а сите присутни се зарадувале на добрата вест, дека великиот Божји архијереј Николај благоизволил со своите мошти да биде заштитник на нивниот град.

И веднаш подготвиле три големи лаѓи и тргнале кон Антиохија и Ликија. И кога стигнале во градот Мир, тие го раскопале подот на црквата и го пронашле гробот во кој стоеле чесните мошти на светителот Николај преисполнети co свето миро.

Светите мошти ги зел и тргнале назад во градот Бари.
Лаѓите co скапоцениот товар пристигнале во Бари на денешен ден, и сите луѓе, стари и млади, излегле на пристаништето за да ги пречекаат светите мошти.

Од голема благодарност кон свети Никола, верниците од Бари изградиле голема црква во негово име и скапоцено ја украсиле, а внатре ги поставиле моштите на свети Никола.

Свети Никола е најпразнуваниот светител во Македонија, на кого најмногу семејства му искажуваат почит co негово прославување како домашна слава.

Ho тоа се однесува главно за неговото празнување во декември, односно за Свети Никола зимен.

Додека Свети Никола летен во Дебарско-кичевската епархија се празнува во 22 семејства, од кои најголемиот дел cе во Бродското архијерејско намесништво.

Пренесување на моштите на Свети Николај во Бари (Свети Никола – Летен)