Денес Православната црква го одбележува празникот посветен на Светиот апостол Лука.

Свети Лука бил еден од 12 Христови апостоли и автор на едно од четирите евангелија. Роден е во Антиохија во 1.век. Се смета за еден од првите Христови ученици кој го ширел христијанското учење, и тоа после с мртта на апостолот Павле.




Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис, бидејќи лично насликал три икони на Богородица. Се верува дека тие икони се најблиску до вистинскиот изглед на Христовата мајка.

Исто така, тој е творец и на иконите на апостолите Петар и Павле. По-чинал во 84.година во Теба во Грција, кога христијанските прого-нители го обе-силе на дрво од маслинка поради неговото проповедање.




Неговите м ошти се чуваат во Цариград и се верува дека се чу-дотворни. Секој кој искрено му се моли на Свети Лука, а особено по поклонување врз неговите м ошти, искрената и добрата желба ќе му биде исполнета.




Свети Лука е заштитник на лекарите и здравствените установи, па особено му се молат болните и тоа со оваа молитва:

О, себлажен исповедниче, светителу, оче наш Лука, велик угоднику Христов! Ние, кои со умиление ги преклонивме колената на срцата наши и припаѓаме пред кивотот на чесните и многуцелебни твои мошти, како децата таткото, сеусрдно те молиме: услиши нè нас, грешните, и принеси ја молитвата наша пред Милостивиот Човекољубив Бог, пред Кого ти сега, во радоста на светиите со Ангелските чинови стоиш. Зашто веруваме, дека нè љубиш со истата љубов, со која сите ближни си ги возљубил, додека беше на земјата.




Испроси од Христа, нашиот Бог, да го утврди во Својата Света Православна Црква духот на правата вера и благочестие, на пастирите да им даде ревност света и грижа за спасение на доверената им паства: оние кои правилно веруваат да ги запазуваат, слабите и немоќни во верата да ги укрепуваат, неупатените да ги поучуваат, противниците да ги изобличуваат.




На сите дај ни дар, секому благопотребен, и сè, за времениот живот и вечното спасение полезно: на градовите наши утврдување, на земјата плодородност, од г лад и по-гyба избавување, на таж-ните утеха, на б олните исцеление, на заблудените, на патот на вистината враќање, на родителите благослов, на чедата, во ст-равот Господов воспитување и поучување, на сираците и сиромашните помош и застапништво.




Дај ни го на сите нам, твојот архипастирски и свет благослов, та со него осенети, да се избавиме од замките на лукавиот и да ги избегнеме сите не-пријателства и нез-годи, ереси и рас-коли.




Даруј ни, животното море богоугодно да го поминеме, исправи нè на патот, кој води во населбите на праведниците, избави нè од воздушните митарства и моли го за нас, Сесилниот Бог, во вечниот живот со тебе, непрестајно да го славиме Отецот и Синот и Светиот Дух, во Троица славениот Бог, Кому му припаѓа секоја слава, чест и власт, во вековите на вековите. Амин!