Сусамот лекува сè, од тромб до паразити и остеопороза – Рецепти за секоја болест

Семето од сусам содржи највисока концентрација на фитостероли, состојка која според хемиската структура е најслична на холестеролот.

Фитостеролите имаат моќ, доколку доволно се присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од појава на поедини облици карцином.

Инаку, семето е еден од најкорисните додатоци во исхраната, а маслото од сусам се смета за исклучително квалитетно, па многумина го користат како замена за маслиновото.

Loading...

Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромбови, односно крвни згутчувања, но и против долготрајна опстипација и нередовна столица.

Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди проследени со болки и крвавење. Во народната медицина го користат и за санирање на повреди, акни, чиреви, брадавици, изгореници…

Сусамот е исклучително богат со железо, па доволно е да се внесат 50 г од ова семе за да се задоволи дневната потреба на човекот за овој минерал.

Освен железо, во големи количини е присутен и калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамини посебно место зазема витаминот Е, кој е моќен антиоксидант, кој ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести.

Истовремено, претставува и одличен извор на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.

Сезамин е уште една состојка која е многу важна и која го штити црниот дроб од оксидативни оштетувања. Заедно со сезамолинот и лигнанот влијаат врз намалување на холестеролот и крвниот притисок. Протеините и масните омега 6 киселини се исто така, многу важни состојки за одржување на здравјето.

Истражувањата покажале дека сусамот е делотворен и против воспаленија и болки кај ревматоиден артритис, како и астматични напади. Иако тежок за чувствителни стомаци, сусамот сепак треба повремено да се консумира, бидејќи претставува совршен чистач на органите за варење. Секако, претходно треба термички да се обработи, односно малку да се потпече или пропржи на тивок оган.

ЗА ОСТЕОПОРОЗА, НАДОПОЛНУВАЊЕ НА КАЛЦИУМ

За лица кои немаат доволно калциум во организмот, сусамот е одлична намирница за нив. Доволна е една супена лажица сусам да се потопи во 50 мл јогурт и да се остави преку ноќ. Наутро се јаде на празен стомак. Постапката се повторува во континуитет.

СУСАМ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ХЕМОРОИДИ

Се меле една лажица сусам и се меша со две лажици вода. Во добиената паста се додава лажичка путер. Убаво се мати, а потоа се мачка на парче тост и се јаде.

ПРОТИВ ИЗГОРЕНИЦИ

Две лажици семе од сусам потопени во чаша вода се става на оган да врие неколку минути. Потоа се процедува и се остава да излади. С става облога врз изгорениците или со натопен памук се поминува болното место неколку пати дневно.

СУСАМ КАКО АФРОДИЗИЈАК

Во земјите каде се одгледува сусамо има репутација на силен афродизијак. Врз база на ова семе се приготвуваат напитоци за зголемување на потенцијата. За да се добие напиток, треба да се измеша семе од сусам и мака во прав, во исти количини, па во оваа мешавина да се додаде и малку семе од коприва, кромид и морков, како и лажица шеќер. Сите состојки се мелат и се соединуваат, па една лажичка од смесата се раствора во чаша вино и полека се пие.

Loading...