ОСВЕЖИТЕЛНА СУСАМ САЛАТА: ми останаа продукти од празниците, па ја направив оваа лесна и превкусна салата

СУСАМ САЛАТА СО СИРЕЊЕ, многу вкусна и обилна, заситува како цел оброк. Рецепт на „Мој Колач“. Едноставна за подготовка, а нема поубава и повкусна. Ја правам за ручек како цел оброк, а за прослави ја правам на 2-3 пати бидејќи секогаш ми бараат уште.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г пченка од конзерва или замрзната, 300 г димен врат, 10-тина кисели краставички со средна величина, 10 варени јајца, 500 г дробено сирење по ваша желба, 400 г кисела павлака, 200 г сусам, сол по потреба.




ПОСТАПКА: Киселите краставички треба да бидат со средна величина, не премногу мали. Доколку имате само мали, тогаш искористете повеќе. Згответе ги јајцата, изладете ги и излупете ги па потоа исечкајте ги на коцки.




Сувомеснатото исто така исечкајте го на коцки, како и киселите краставички. Пченката доколку не е варена, сварете ја, па процедете ја од сокот. Сусамот е потребно да го пропржите без масло, со постојано мешање додека да порумени, но бидете внимателни да не ви загори.




Дробеното сирење и киселата павлака измешајте ги во посебен сад да се соединат, малку посолете доколку е потребно. На пример, ако користите фета сирење, потребно е да додадете сол, а на овчо сирење нема потреба. Не заборавајте дека и во киселите краставички и димениот врат има доволно сол.




Измешајте ги јајцата, димениот врат, пченката, киселите краставички и сусамот. Потоа додајте го сирењето со павлаката и повторно се измешајте. Можете да си оставите 1 краставица, 1 јајце и малку сусам за декорација.




Врз салатата изрендајте јајце, наросете со сусам, а киселите краставички исечете ги на тенки траки и распоредете ги по желба. За декорација ќе ви бидат потребни уште 5 минути, но доколку немате време, овој чекор прескокнете го. Важно е да ја изладите салатата во фрижидер пред да ја послужите.




II РЕЦЕПТ: КРЕМАСТА ПИЛЕШКА САЛАТА СО СУСАМ. Потребни состојки: малку масло за да се пропржи сусамот, 150 г сусам, 750 г пилешко бело месо (пилешки гради), зеленчукова коцка за супа (коцката е за 500 мл вода).




ДРУГИ ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г корнишони (кисели краставички од тегла), 200 г мајонез, 400 г кисела павлака (или грчки, густ јогурт), ½ лажичка сол, ¼ лажичка црн пипер.

Сирењето убаво издробете го со виљушка. Јајцата изрендајте ги и додајте ги во издробеното сирење. Лукчето ситно исечкајте го, изрендајте го или пак, истолчете го, како ви е полесно или како сакате да се чувствува во салатата.




Сите состојки убаво измешајте ги и соединете ги со мајонез. Вадете топки со лажица и украсете со свеж магдонос. Салатата е многу вкусна, а нема некој кој досега не ми побарал рецепт, па затоа решив да ја споделам со вас.




Претходна статијаЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ОPЕВИ, без брашно, 15 минути време
Следна статијаМИНИ ТУЛУМБИ СО ГРИЗ, не се многу слaтки и без варење на смесата, на сите им успеваат