Суровост: го врзале кучето за шини за да го прегази воз! Незапамтено брутално однесување кон животните

Рускиот машиновозач кој успеал да го запре електричниот воз и да го спаси кучето кое било врзано за шини, ќе биде награден од раководтсвото на Октомвриската железница.

Инцидентот се случил во четвртокот, во Гатчина, Ленинградска област. Во близина на железничката станица било врзано едно куче за шините со намера тоа брутално да биде прегазено.

За среќа, машиновозачот го забележал животното кое не реагирало на звучните сигнали на возот. Одлучил да ја активира кочницата за случај на опасност и на тој начин го спасил кутрото животно.

Вероника Вершинина, активистка на Здружението за заштита на животни, изјавила дека кучето било во видна стресна состојба и појаснила дека и претходно се среќавала со вакво брутално однесување на железничките пруги.

Минатата година во декември, на сличен начин спасиле овчарски пес, исто така врзан за шина, на кој возот му ја отсекол шепата. Овој трагичен настан го привлекло вниманието на јавноста, па набрзо ова напатено куче било вдомено од нов сопственик.