Добил грд син па ја тужел жената. Го добил случајот на суд и морала да му исплати 150 000 евра

Можеби некому ова му е хумористично, можеби некому му е бизарно, но ова не е изолиран случај. Јиан Фанг ја тужел својата жена бидејќи му родила, како што тој вели „неверојатно грд син“.

Судот бил на негова страна и потврдиле дека е измамен и оштетен, како и тоа дека жена му мора да ја плати оштетата.

На судењето жената признала дека кога била помлада направила неколку хируршки операции за разубавување со што си го сменила личниот опис. Во тоа време таа потрошила повеќе од 80 000 евра за операциите.

Тогаш, како девојка, не размислувала на тоа дека својата нова убавина не може да им ја пренесе на своите деца кои ќе ги роди.

„Кога се женев јас бев вљубен во својата сопруга и искрено ја сакав. Меѓутоа, нашиот брак почна да се менува кога го добивме своето прво дете – девојчето. Беше многу грдо. Потоа, секое следно дете беше грдо, и на крај сфатив се’!“ – вели Јиан Фанг.

За жал, во ова модерно време кога естетската хиругија го достигна својот највисок подем, веќе тешко може да се препознае вистинска убавица од „пластична“.

Барем кај нас, во помалите места речиси сè се знае и дознава, па полесно можеме да ги дознаеме корените на личноста која сакаме да ја ожениме.

Меѓутоа, во поголемите градови тоа не е така и понекогаш се случува вљубените многу доцна да дознаат дека нивниот партнер или партнерка го смениле полот во текот на животот или дека имале голем број пластични операции за разубавување, како погоре споменатиот случај.