СУПЕР ВКУСНИ МЕКИЦИ…На барање на моите внуци и нивните другарчиња…Рецепт на Анушка Кирова. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500-600 г брашно
1 кесичка сув квасец 7 г
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 јајце на собна Т
2-3 лажици масло
5-6 лажици кисело млеко на собна Т
1 чаша топла/млака вода 200 мл

ПОСТАПКА:

Здраво! На барање на моите внуци и нивните другарчиња, супер вкусни мекици!

Просеав малку повеќе од пола пакување брашно 500-600 г, направив бунарче во средината и истурив кесичка сув квасец 7 г, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 1 јајце, 2-3 лажици масло, 5-6 лажици кисело млеко, 1 чаша топла вода, (ако треба брашно додајте повеќе).

Замесев меко тесто и го оставив во фрижидер да преноќи. Следниот ден со намастени дланки се кине од тестото (не се премесува), се прави топче со големина на пинг понг, се развлекува и се обликува со прсти.

Мекиците се пржат во умерено врело масло (со повремено полевање со лажица од врелото масло).

Можете да ги јадете со што сакате! Децата си посакаа желба со шеќер во прав и беа супер задоволни… Денеска е многу студено, но чувајте ги вашите срца топли! Имајте убав ден ви посакувам на сите!