Супер брза пита со готови кори, сирење и прелив

Рецепт и видео презентација на Гала Фуд (gala Food): Супер брза пита со сирење.

Се приготвува прелив од јајца и кисела павлака, а корите се наросуваат со сирење, се виткаат како армоника и се редат во плехот. Се прелева со смесата и се пече. Побрзо од ова не може!

Потребни состојки:

3 јајца, 150 мл кисела павлака, 2 лажици масло, 2 лажици брашно, 1 лажичка сол, 250 г готови кори, масло за прскање на корите, ситно дробено сирење

Постапка:

Во подлабок сад со маталка измешајте 3 јајца, па додадете 150 мл кисела павлака и убаво соединете. Во смесата додадете 2 лажици масло, 2 лажици брашно и 1 лажичка сол. Убаво промешајте додека да добиете изедначена смеса. Отворете ги корите.

Секоја кора испрскајте ја со по една лажица масло и наросете малку дробено сирење. Потоа кората соберете ја во фалти (погледни видео) и ставете ја во намастен плех со димензии 25х25 см или слични димензии (најдобро според величината на корите).

Постапката навистина брзо оди. Кога ќе ги потрошите сите кори и ќе ги наредите во плехот една до друга, одозгора рамномерно прелијте ги со претходно приготвената смеса.

По желба наросете сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаОва се шесте најдобри доктори на светот според Лепа Брена, ги објави на својот профил
Следна статијаНовогодишна баклава – Ружица, брза и лесна, се прави од само 10 кори