Супер брз појадок или вечера за 15 минути: Пробајте да изедете само неколку парчиња!

Толку многу се вкусни, што кога ќе почнете да ги јадете – не знаете за доста!

Потребни состојки:

500 мл јогурт
1 прашок за печиво
3 јајца
брашно по потреба
сол

Постапка:

Јогуртот излејте во во еден сад, додадете ги јајцата, прашокот за печиво и малку сол, по вкус.

Сето убаво промешајте го, па започнете да додавате брашно додека да добиете тесто како за погача.

Тестото развлечете го во кора со дебелина од еден прст, исечете на ленти со ширина и должина на еден прст или по ваша желба.

Тестото пржете во загреано масло додека да добие златна боја од двете бои, па вадете на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Loading...