Совршена пита за ручек или вечера

Многу вкусно, многу едноставно и ефектно. Совршено за ручек или вечера со салата.

Потребни состојки:

200 г брашно
100 г путер на собна температура
1 јајце
2 лажици вода
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво

За фил:

250 г кашкавал и фета сирење (по избор)
250 г сланина
250 г неутрална павлака за готвење
3 јајца
1 главица кромид
сол, црн пипер
*по желба можете да додадете блитва, спанаќ..
*ако не сакате со пржен кромид и сланина, можете филот да го одберете по ваш вкус: ситно сечкана шунка и кашкавал, прелиено со јајца и павлака на пример.

Постапка:

Со прстите измесете го ладниот путер со брашното кое претходно пак, сте го помешале со прашок за печиво.

Додадете јајце, вода и сол, па обликувајте тесто.
Добиеното тесто втиснете го на дното од калапот во кој ќе печете.
Во една тава загрејте масло, па издинстајте една главица кромид исечкана ситно, па додадете ја сланината.

Оставете да излади, па додадете сечкано фета сирење, кашкавал или нешто по ваш вкус. Додадете изматени јајца и течна павлака, па сето заедно соединете го.

Посолете, зачинете со црн пипер и прелијте го врз тестото. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Послужете топло со јогурт, кисело млеко или пак со сезонска салата.

Loading...