Корисник на социјалната мрежа Редит со прекар „Галантниежек“ се пожалил дека мештаните секојдневно го поткрадувале во Улцињ, најмногу во продавниците и бутиците. Како што вели, во текот на шест дена одмор тоа се случувало секој ден, па се запрашал дали можеби во него е грешката…каде греши!?

Не ви даваат ниту сметка

„Дојдов во Црна Гора на одмор. Овде сум 6 дена и секој ден досега, без промашување, се случува некој да ме изневера или ограби (Улцињ). И тоа во нормални продавници. Пекарница, во еден маркет, но и на пазарот.

Во маркетот продавачката ми наплати дополнителни работи што не ги купив. Требаше да платам околу 6 евра, но на крајот платив скоро 10 евра (најверојатно немаше да забележам толкава разлика ако направев поголема сметка, но не и кога купувам само четири производи).

Не ми ја даде сметката, морав сам да ја побарам. Кога ја побарав сметката, велејќи дека има работи што не ги купив, таа се извини. Сепак, таа не ми ги врати сите пари, само половина.

Тогаш таа одби да ми ја даде сметката. Не сакав да се расправам со неа, па си заминав“, напиша туристот. Потоа додаде дека слична ситуација доживеал и во пекарницата.

„Купив две печива во пекарницата, нивната вкупна цена беше 2,20 евра. Ми побараа 3,50 евра. На сметката пишуваше 5 печива, главно леб. Прашав за цената, демек печивата неправилно биле означени со цени.

Но, таа рече дека цените на печивата се такви и дека таа сума исто така не се согласува со тоа што јас треба да го платам. Немав желба повеќе да се расправам со неа“, напиша разочараниот турист.

Како што вели, на пазарот и повеќепати му давале поинаква цена за килограм од онаа што била изложена. Или погрешно ја измериле тежината на она што го купувал.

„Понатаму, во нормални продавници, не во ресторани, погрешно ми враќаат кусур. И во супермаркети и во пекарници, обично за 10-50 центи. Ми е непријатно да ги барам тие пари.

Но, немам желба да му дадам бакшиш некому по нешто такво“, наведува корисникот на Редит и додава дека немал проблем со ресторани и кафулиња, само со нормални продавници.

Не носи брендирана облека

Поради сè, тој се запрашал дали можеби проблемот е во него.

„Не сум облечен во скапа/брендирана облека. Немам накит или скап телефон. Јас сум од словенска земја (не сум богат турист) и сум љубезен со луѓето (се поздравувам, велам благодарам и се извинувам секој пат). Дали правам нешто погрешно или тоа кај вас е вообичаено ако сум турист?“, се запраша тој на крајот.

Неговата објава привлече безброј лути коментари на Редит. Поединци дури и го научиле како да пцуе на српски, за да може да им „врати“ на продавачите кои ќе се обидат да го измамат во иднина. „Каква стока сме, света мајко“, е еден од коментарите.