Ставил 9 јаболка во рерна и преку нив излеал тесто – многу едноставен метод за колач Туфахија

Рецепт и видео прилог на Гурман Тв – Колач со јаболка

Едноставни а многу вкусни колачи со јаболка – 2 рецепти!

Потребни состојки:

9 јаболка
9 лажици шеќер (250 г)
9 лажици џем од јаболка (или алтернатива)
1 прстофат цимет
калап 25 см
се пече 20 мин/200 степени

За тесто:

9 јајца
9 лажици шеќер
9 лажици масло
18 лажици брашно
1 прашок за печиво (9 г)
1 лажица бел оцет 9%
се пече 50 мин/180 степени

Постапка:

Во тенџере на умерен оган ставете 250 г шеќер и загревајте со постојано мешање додека да се растопи и карамелизира. Додека е течен карамелот прелијте го на дното од калап со пречник 25 см.

Јаболката излупете ги и издлабете ги за да го извадите семето (од двете страни). Јаболката наредете ги врз карамелот, па во секое ставете по една лажица џем (по желба можете да ставите и ореви). Одозгора наросете цимет во прав. Ставете да се печат во рерна загреана на 200 степени, 20 минути. За тоа време пригответе ја смесата за тесто.

За тесто: Одвојте ги белките и пенасто изматете ги со миксер. Постепено додадете го шеќерот и матете додека целосно да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег. Потоа додавајте една по една жолчка и продолжете со матење, а маслото додавајте го во тенок млаз.

Постепено додадете го брашното и мешајте со маталка или лажица, а потоа во смесата промешајте го и оцетот. Убаво соединете додека да добиете хомогена смеса. Прелијте ја рамномерно преку печените јаболка, потчукнете ја тепсијата неколку пати за да излезат воздушните меури, па ставете да се пече во загреаната рерна на 180 степени околу 50 минути. Колачот превртете го врз чинија за да дојде карамелот со јаболката одозгора, па наросете шеќер во прав.

РЕЦЕПТ БРОЈ 2

Потребни состојки:

2 јајца
200 г шеќер
130 мл масло
160 мл млеко
200 г брашно
500 г кисели јаболка
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица цимет

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи, па во густата смеса додадете 130 мл масло. Измиксајте и додадете 160 мл млеко. Соединете и додадете 200 г просеано брашно и ванила. Половина од смесата излејте во помал калап, па одозгора наредете 500 г рендани јаболка. Наросете една лажица цимет и излејте го остатокот од смесата. Израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 55 минути. Печениот колач наросете го со шеќер во прав. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Претходна статијаДенеска е Свети Јован Богослов, евангелист и Апостол
Следна статијаКафе од глуварче – здрав и вкусен утрински напиток – ги регулира холестеролот и шеќерот во крвта