Дали знаевте дека позициите на прстите можат да ви помогнат да се опуштите? Овие позиции се означени како „мудри“, а еве што треба да направите:

Мудра на знаењето

Седнете на „турски“ начин со ставање на рацете на колена. Допрете го врвот на показалецот со врвот на палецот и исправете ги другите прсти. Ова ќе ви помогне да се ослободите од стресот, несоницата и да се фокусирате.

Мудра на животот

Во овој случај, свиткајте ги малиот и домалиот прст и допрете ги со палецот. Оваа поза ќе ви помогне да се ослободите од заморот, ќе ве зајакне и ќе помогне при проблеми со очите.

Мудра на водата

Тоа ќе ви помогне да ја ублажите болката. Седнете и прекрстете ги нозете, исправете ги другите прсти, а оставете ги малиот прст и палецот да се допрат со врвовите.

Мудра на Земјата

Поставете ги палецот и малиот прст така што да се допираат, а другите прсти испружете ги. Не притискајте премногу силно. Оваа поза ќе ви помогне при проблеми со варењето. Секако, треба да се храните и здраво.

Мудра на воздухот

Свиткајте го показалецот кон дланката и притиснете го на основата на палецот. Ова ќе помогне при надуеност.