Овој трик се користи за да не испукаат јајцата при варењерто, а особено е корисен при вапцањето на јајцата за Велигден кога одеднаш се вари поголема количина јајца. Веројатно нема такви кои не знаат да сварат јаје, бидејќи ова е нешто наједноставното.




Едноставно јајцата се потопуваат во вода и откако ќе зоврие водата се чека неколку минути за да се сварат. Но, сепак, при варењето се случува некои од јајцата да испукаат, па белката истекува низ пукнатината и јајцето во голема мера губи од својот вкус.




Сепак, постои еден интересен трик кој неодамна го открија искусните домаќинки и со чија помош јајцата се готват совршено. На сите им е познато дека во водата треба да се додаде сол и малку оцет, или пак една лажичка сода бикарбона за да остане лушпата цврста, без пукнатини.




Но, овојпат домаќинките открија дека многу ефикасен метод е додавањето на чкорче од кибрит или пак, неколку чепкалки за заби. Колку и да звучи чудно, сепак, домаќинките објаснија дека кибритчињата или чепкалките го спречуваат истекувањето на белката, дури и во случај да има мала пукнатина во лушпата.




Нема објаснување за ова, но многумина професионални готвачи забележале дека овој метод функционира. Не ставајте премногу кибритчиња, доволно е да ставите 3-5 парчиња во зовриената вода. После 10 минути од варењето, кога јајцата ќе се оладат, проверете дали имаат некакво оштетување. Еве на што уште треба да внимавате:




Внимавајте да не ги варите јајцата веднаш штом се извадени од фрижидерот. Студените јајца, всушност, пукаат многу лесно кога се готват. Значи, пред да започнете да ги готвите, извадете ги од фрижидер и оставете ги да отстојат неколку часа на собна температура. Ова правило важи и кога се подготвува тесто.




Кога ги ставате во тенџере за готвење, внимавајте да нема премногу јајца во тенџерето. Ако готвите повеќе јајца, најдобро е да ги разделите во две или повеќе тенџериња.

Доколку ги ставите да се варат во едно тенџере, поголема е шансата да се судрат за време на готвењето, а тоа исто така може да доведе до пукање. Потребно е да има доволно простор меѓу нив. Ставете ги во садот многу бавно и нежно за да не пукнат при удирање на дното на садот.




Јајцата што ќе ги ставите во садот треба да ги прелиете со ладна вода. Внимавајте да ставите најмалку 2 цм вода над јајцата. Водата истурајте ја полека. Потоа додајте половина лажичка оцет во водата и додајте сол, водата да биде доволно солена.




Оцетот е особено важен за спречување на формирање на пукнатини на лушпата од јајцето. Вклучете ја ринглата на средна топлина и почекајте да зоврие водата, потоа намалете го огнот и варете на тивок оган додека јајцето да се свари.




За жал, не постои гаранција дека ниту едно јајце никогаш нема да се скрши. Исто така, зависи од видот на јајце што сте го купиле. Меѓутоа, ако се држите до овие методи, шансите за успех драстично се зголемуваат.