Одличен е за секакви пригоди, за родендени и разни прослави… никогаш не останува ниту едно парче. Еве уште една идеја доколку ги сакате Рафаело топчињата, тогаш ќе го сакате и овој ролат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ ЗА СОСТОЈКИ ЗА КАРАМЕЛОТ: 100 г шеќер, 175 мл млеко, 150 г мелени плазма кекси. Состојки за рафаело намазот: 3 лажици вода, 60 г шеќер, 100 г путер, 100 г млеко во прав, 50 г мелен кокос. Уште ќе ви биде потребно: 1 лист обланда со величина 30х23 см.




ПОСТАПКА: Во помало тенџере ставете го шеќерот и на најниска температура оставете го да се растопи додека да добие убава карамел боја. Потоа додаjте млеко (наместо млеко може и вода), па откако ќе се стврдне карамелот оставете неколку минути да се растопи.




Кога и млекото ќе се загрее, повторно мешајте додека целосно се растопи, да не останат парчиња карамел. Во оваа мешавина додека е топла додаjте ги мелените плазма кекси, па брзо промешајте за убаво да се соедини во компактна смеса.




Во оригиналниот рецепт не пишува дали листот обланда претходно да се стави помеѓу две влажни крпи за да омекне (а јас се плашев да не ми пукне листот при виткањето, па затоа сепак го омекнав на овој начин, кратко оставајќи го помеѓу влажни крпи).




Вака омекнатиот лист обланда премачкајте ја преку целата површина филот од карамел-кекс. Напоредно додека го готвите првиот фил, започнете да го приготвувате и вториот фил, за да бидат и двата топли кога ќе се премачкуваат, а на овој начин се скратува и доста од времето.




Следниот пат ќе пробам со топлите филови преку обландата, без да го навлажнувам претходно листо, па ќе видам дали тој ќе пукне при виткањето и ќе ви јавам. За втор фил: Во мало тенџерче ставете го путерот со три лажици вода, па на средна температура загревајте со постојано мешање додека да се растопи путерот.




Тргнете го од оган и додајте млеко во прав и кокос, па сето добро мешајќи со жица-маталка, добро соединиете во компактна смеса. Овој крем премачкјате го преку карамел-кексот и веднаш свиткајте го ролатот.




Свиткајте го во проѕирна фолија и оставете го ролатот на ладно место или во фрижидер добро да се олади. Кога ќе излади, сечете парчиња со широчина од 2 или 3 см. Најдобро е да користите лист обланда со пошироки коцки (визуелно поубаво изгледаат кога ќе се исечат, отколку со поситни коцкички).




Јас користев со ситни коцки, бидејќи немав друг, а во оригиналниот рецепт пишуваше да се користи лист со крупни коцки. Кога премачкувате обланда со крупни коцки, премачкувајте ја рамната страна, а страната со коцки да дојде од надвоешна страна (за визуелен ефект).