Рецепт на Виолета од Летина Кујна. Овој ролат е познат уште одамна, вкусот ќе ве потсети на детството. Многу е сочен, а се подготвува со џем од малини. Може да користите и друг џем, каков и да имате, ролатот излегува совршен.

Се подготвува многу едноставно и лесно, а потребни ви се само неколку состојки кои ги имате дома. Одлично одговара со кафе, млеко, чај и е одличен десерт кој се подготвува навистина брзо.

Потребни состојки: 5 белки, 5 супени лажици кристал шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, 5 жолчки, 2 лажички масло, 2 лажички вода, половина ќесичка прашок за печиво, 6 супени лажици брашно, џем од малини.

Постапка: Во подлабок сад се ставаат белките и се мати со миксер. Во изматените белки додајте го кристал шеќерот и продолжете со матење со миксерот. Шеќерот додавајте го постепено, на два или трипати со постојано мешање.

Во подлабок сад ставете ги белките и изматете ги со миксер, а потоа додајте го шеќерот на два или трипати и продолжете со матење

Додајте го ванилиниот шеќер и продолжете со матење. Потребно е да добиете смеса со форма на шлаг. Додајте една по една жолчка и продолжете со постојано матење. Потоа додајте ги 2 лажички масло и 2 лажички вода. Промешајте со шпатула, а потоа додајте го прашокот за печиво и брашното со повторно рачно промешување.

Додајте го ванилиниот шеќер и продолжете со матење
Потоа додајте една по една жолчка и постојано матете со миксерот

Потребно е да се формира средно густа, жолтеникава смеса. Добиената смеса се мати околу 1 минута со миксер, а потоа се прелива во намастен плех / тепсија. Рерната претходно се загрева на 180 степени, а колачот се пече. При поставување на смесата во плехот, подеднакво распоредете ја насекаде.

На крајот се додава маслото и водата и се меша со шпатула
Добиената смеса се прелива на намастен плех со хартија за печење
Се пече 10 минути

Ролатот се пече 10 – 12 минути, не треба да се препече бидејќи така се губи убавиот вкус. По печењето, ролатот се вади со се хартијата и врз него се поставува друга хартија или кујнска крпа. Се превртува да лежи на новопоставената површина, а хартијата за печење се вади внимателно.

Врз ролатот се поставува друга хартија за печење
Ролатот се превртува
Се вади хартијата за печење која претходно беше од долната страна

Додека ролатот е врел, се започнува со ролање. Со помош на хартијата од долна страна, ролајте го ролатот да стане како валјак со се хартијата. Под ролатот поставете кујнска крпа, а потоа прекријте и со неа. Потребно е ролатот да отстои 10 – 15 минути малку да излади.

Додека ролатот е се уште врел, се рола во хартијата за печење
Се става под него кујнска крпа
Повторно се рола со кујнската крпа и се остава да излади 10 минути

Потоа тргнете ја кујнската крпа и одвиткајте го ролатот. Подгответе го џемот од малини или некој друг џем, каков имате дома. Ние многу го сакаме џемот од малини и затоа ролатот секогаш го правам со овој џем.

По изминатото време, ролатот се одвиткува од кујнската крпа

Потребно е џемот да го премачкате во тенок слој преку целата кора на ролатот. Ставете на неколку места по 1 полна супена лажица од џемот, а потоа премачкајте низ целата површина на кората.

Се ставаат неколку полни супени лажици од џемот, а потоа се премачкува целата кора на ролатот

На крајот потребно е да го сролате ролатот повторно, на што поситни превиткувања за да се добие убав пресек. Превитканиот ролат се враќа во хартијата за печење и се завиткува во неа. Се остава да отстои половина час, а потоа одвиткајте го и пресечете го на тенки ролатчиња.

Ролатот повторно се рола и се става во хартија за печење
Се остава да отстои во хартијата 10 минути

Одозгора може да наросите малку шеќер во прав по желба. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Се сечат мали ролатчиња
Се наросува шеќер во прав по желба

II РЕЦЕПТ Сочен ролат со вишни и пудинг од ванила, колку пати и да го направам секогаш се јаде за 10 минути

Рецепт и видео презентација на Виолета од Летина кујна. Сочен ролат со вишни и пудинг од ванила, толку едноставен, а е превкусен. Може да го направите во кое било време, да го комбинирате со млеко за појадок или да го јадете после ручек како десерт.

Јас многу често го подготвувам, а верувајте на домашните никогаш не им е доста, го јадат за 10 минути. Навистина е превкусен со извонредно шарен изглед, вреди да го направите уште денес.

Потребни состојки: 500 г кори за пита (за секој ролат се потребни по 4 кори), 1 л млеко, 200 г шеќер, 3 пудинзи од ванила, 100 мл масло, 200 г гриз, 200 мл јогурт, 1 ванилин шеќер, 1/2 прашок за печиво, 3 јајца, 300 г вишни, 40 г маргарин или путер.

Подготовка: Најпрво се подготвува смесата за ванилиниот пудинг. Во тенџере ставете 700 мл млеко, а во него додајте 7 лажици шеќер, измешајте и оставете млекото да зоврие.

Во меѓувреме во останатиот дел од млекото додајте го ванилиниот шеќер и трите пудинзи од ванила. Кога млекото ќе зоврие, додајте ја смесата со пудингот. Мешајте постојано додека да ја добиете посакуваната густина.

Пудингот префрлете го во сад, додајте 40 г маргарин или путер, прекријте го садот со фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, подгответе го преливот за корите.

Со маталка изматете ги јајцата и постепено започнете да го додавате шеќерот. Потоа додајте го маслото, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина ќесичка прашок за печиво. Сета смеса убаво соединете ја.

Започнете со правењето пита по принцип – 4 кори, на секоја од нив прелив, на првите две кори додавате само од преливот со лажица и добро распоредете, на третата кора додавате од преливот и неколку вишни, а на последната додавате прелив, вишни и пудинг, редите во еден ред, а потоа ја завиткувате кората во ролат. На последната кора додајте вишни по желба. Јас секогаш ставам вишни, но не премногу.

Повторете ја истата постапка за приготвување додека имате прелив и пудинг. За секој ролат ќе ви бидат потребни 4 кори за пита. Ролатот премачкајте го со остатокот од преливот. Секогаш правам по 3 ролати, што значи дека се потребни 12 кори за пита. Од таа количина излегуваат многу ролатчиња, откога ќе ги исечете на ситни кругови по печењето.

Подготвените ролати редете ги во плех, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. Одозгора премачкате ги ролатите со остатокот од преливот. Ролатите се печат околу 30 минути. По изминатото време извадете ги од рерна и оставете малку да се изладат. Потоа исечете ги на подебели кругови и редете ги во голема чинија.

Одозгора наросете шеќер во прав и послужете. Јас понекогаш го послужувам ролатот со една топка сладолед, тоа е совршената комбинација која некогаш ќе ја пробате. Но, и без сладоледот оваа пита е превкусна и одговара за сите пригоди. Деталите од целата постапка може да ги погледнете ОВДЕ.

III РЕЦЕПТ – Ролат со карамел кекси и кокос, приближно се приготвува за 20 минути.

Одличен е за секакви пригоди, за Божиќ, Нова година, родендени и разни прослави… никогаш не останува ниту едно парче. Еве уште една идеја доколку ги сакате рафаело топчињата, тогаш ќе го сакате и овој ролат.

Потребни состојки за карамел кекс: 100 г шеќер, 175 мл млеко, 150 г мелени плазма кекси. Состојки за рафаело намазот: 3 лажици вода, 60 г шеќер, 100 г путер, 100 г млеко во прав, 50 г мелен кокос. Уште ќе ви биде потребно: 1 лист обланда со величина 30х23 см.

Постапка: Во помало тенџере ставете го шеќерот и на најниска температура оставете го да се растопи додека да добие убава карамел боја. Потоа додаjте млеко (наместо млеко може и вода), па откако ќе се стврдне карамелот оставете неколку минути да се растопи.

Кога и млекото ќе се загрее, повторно мешајте додека целосно се растопи, да не останат парчиња карамел. Во оваа мешавина додека е топла додаjте ги мелените плазма кекси, па брзо промешајте за убаво да се соедини во компактна смеса.

Во оригиналниот рецепт не пишува дали листот обланда претходно да се стави помеѓу две влажни крпи за да омекне (а јас се плашев да не ми пукне листот при виткањето, па затоа сепак го омекнав на овој начин, кратко оставајќи го помеѓу влажни крпи).

Вака омекнатиот лист обланда премачкјате ја преку целата површина филот од карамел-кекс. Напоредно додека го готвите првиот фил, започнете да го приготвувате и вториот фил, за да бидат и двата топли кога ќе се премачкуваат, а на овој начин се скратува и доста од времето.

(Следниот пат ќе пробам со топлите филови преку обландата, без да го навлажнувам претходно листо, па ќе видам дали тој ќе пукне при виткањето и ќе ви јавам). За втор фил: Во мало тенџерче ставете го путерот со три лажици вода, па на средна температура загревајте со постојано мешање додека да се растопи путерот.

Тргнете го од оган и додајте млеко во прав и кокос, па сето добро мешајќи со жица-маталка, добро соединиете во компактна смеса. Овој крем премачкјате го преку карамел-кексот и веднаш свиткајте го ролатот.

Свиткајте го во проѕирна фолија и оставете го ролатот на ладно место или во фрижидер добро да се олади. Кога ќе излади, сечете парчиња со широчина од 2 или 3 см. Најдобро е да користите лист обланда со пошироки коцки (визуелно поубаво изгледаат кога ќе се исечат, отколку со поситни коцкички).

Јас користев со ситни коцки, бидејќи немав друг, а во оригиналниот рецепт пишуваше да се користи лист со крупни коцки. Кога премачкувате обланда со крупни коцки, премачкувајте ја рамната страна, а страната со коцки да дојде од надвоешна страна (за визуелен ефект). / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска