Старински колач „ШУСТЕР ПИТА“, најсочниот воздушен колач, поубав е од штрудла

Од овој колач се сечат мали правоаголни парчиња, како што се сечат ледените коцки. Така е највкусен и до израз доаѓаат сите негови слоеви. Никој досега ми го нема одбиено, напротив сите ми бараат по 2, а понекогаш и три парчиња.




Постапката може да ја прочитате во продолжение, која е детално објаснета и нема да ви одземе многу време, ниту премногу работи да потрошите. Овој колач е познат како ,,ШУСТЕР ПИТА” и во мое време беше најјадениот колач што постои. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 650 г брашно, 200 г домашна свинска маст или 250 мл масло, 30 г квасец, 1 прашок за печиво, 250 мл вода, 1 лажичка шеќер, прстофат сол, 1 јајце, кора од 1 лимон. За фил: 250 г шеќер, 250 г мелени ореви, 1 кесичка ванилин шеќер, 800 г-1 кг џем по ваш избор.




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го филот. За него е потребно да ги измелите оревите, доколку претходно не се сомелени и да ги ставите во еден подлабок сад. Потоа додајте 250 г шеќер, се додава иста количина како и мелените ореви, а потоа и 1 кесичка ванилин шеќер. Измешајте.




За подготовка на тестото, подгответе го квасецот да се активира со 1 лажица брашно, вода и 1 лажица шеќер. Во подлабок сад ставете го активираниот квасец кој отстоил минимум 10 минути на собна температура.

Настрана изрендајте една кора од лимон и додајте ја во квасецот. Постепено започнете да го додавате брашното, а веднаш потоа и прашокот за печиво. Јас прво мешам со жица, а кога ќе се формира тесто, преминувам да месам со раце.




Додајте ги и останатите состојки кои ви се потребни за тесто, а на крај ставајте го остатокот од брашното, кое најдобро се проценува колку е доволно кога сите други состојки се веќе соединети. Замесете го тестото цврсто, па потоа поделете го на 4 еднакви делови и формирајте во топче.




Секое тесто (топче) се развлекува колку еден плех, каде што планирате да го печете колачот, одоздола обложен со хартија за печење. Врз првата кора филувајте со малку џем, а веднаш потоа додајте го и филот од ореви.




Јас секогаш комбинирам 2 или 3 џемови и на секоја кора додавам различен, за колачот да биде поинтересен на вкус. На истиот начин подгответе ги и останатите теста додека стигнете до последната кора.




Преку четвртата кора не се наросува од филот со ореви, ниту се премачкува со џем. Таа се користи само за затворање на питата. Со помош на чепкалка избоцкајте ја питата на неколку места, па ставете на печење.




Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути. По печењето, колачот се остава да отстои 5 минути, покриен со крпа да се олади. Превртете ја питата со долниот дел, сега да биде одозгора, па потоа премачкајте со уште малку џем и наросете ореви.

Доколку колачот не ви е рамномерен, како што ми излезе на мене, јас ги исеков краевите и после ги издробив во блендер и декорирав одозгора. Колачот е најубав ако отстои 2-3 часа, па потоа да се послужи. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЛек за болка во грбот која се спушта до палците на нозете, ишијас, подобрување има за брзо
Следна статијаЗа мојот роденден направив МАРС ТОРТА, а маж ми кој инаку не јаде торти, не и одолеа и рече дека има вкус-лудило, нешто најдобро што јадел досега