Рецепт и видео презентација на Аурора Рецепти – Стара традиционална македонска гибаница со сирење и кисело тесто. Предобар рецепт од старата македонска кујна, како се приготвува гибаница со сирење. Многу е вкусна и декоративна, има прекрасен мирис, мека е како душа, а за вкусот – мора да се уверите сами колку е одличен.

Потребни состојки: 300-350 мл млака вода, 1 кесичка сув квасец (8 г), 1 мала лажичка шеќер, 8 супени лажици бело брашно (600 г), 1 јајце, 2 белки од јајце, 30 мл масло, 1-2 мали лажички сол, 250 г ситно сирење, коцка путер или маргарин (250 г), сусам за наросување.

Постапка: Во длабок сад измешајте 200 мл млака вода, 1 кесичка сув квасец и една лажичка шеќер додека добиете хомогена смеса. Оставете 10-тина минути да се кативира квасецот и да се запени, а потоа во него додадете брашното околу три полни до врв лажици.

Додадете и едно разматеното јајце, двете белки, 30 мл масло и една и половина лажичка сол, па повторно измешајте за да се изедначат состојките. На крајот додадете го останатиот дел од водата околу 100-тина милилитри и остатокот од брашното, околу 5-6 полни супени лажици или по потреба додека да добиете убаво меко тесто.

Кога ќе го формирате тестото, префрлете го на рамна површина наросена со малку брашно и месете го додека не да стане мазно и еластично, кое не се лепи на рака.

Тестото ставете го во длабок сад, оставете го да отстои околу 30 минути, покриено со крпа, а потоа повторно истресете го на рамна површина и формирајте го во форма на валјак. Потоа поделете го на 8 еднакви делови, а од секое топче развлечете по долго и тенко валјаче.

Секое валјаче не треба да биде подебело од 1 прст. Во тркалезна тепсија од 30 см, ставете 30 мл масло и започнете спрално да ги виткате ролничките како полжав, започнувајќи од средината кон периферијата. Околу целата должина на ролничката редете по малку сирење.

Потоа започнете со виткање на втората кора онаму каде што сте завршиле со првата. Истата постапка со надоврзување повторете ја и со останатите валјачиња од тесто се додека да се исполни целата тепсија. Наредете ситно сирење помеѓу ролничките.

Премачкајте го тестото со разматена жолчка од јајце и малку млеко за тестото да добие златна боја. По желба може да наросите сусам или други семки по ваша желба.

Оставете го тестото да стасува околу 10-тина минути на собна температура за да го зголеми малку волуменот и да стане воздушесто, а потоа одозгора ставете неколку ситни парчиња путер.

Во претходно загреана рерна на 200 степени, гибаницата се пече околу 40 минути. Испечена питата, испрскајте ја со малку вода и покријте ја со фолија и крпа за да омекне и да се подизлади околу 15 минути. Деталите од рецептот може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.