Многу вкусни колачиња кои брзо се подготвуваат, одлични за слави, родендени или други пригоди.

Потребни состојки:

1,2 литар млеко
850 г шеќер
300 г маргарин/путер
1 пакување обланди

Постапка:

Ставете ги шеќерот и млекото на оган да се варат на најтивко околу два часа. Пред крајот кога ќе згусне треба да се меша за да не загори. Треба да се добие крем кој по густина е сличен како џемот.

Од овој крем можете малку да си одвоите за да приготвите ликер или други колачи. Овој крем е многу вкусен и може едноставно да го мачкате на леб.

Значи во млакиот крем (речиси изладен) исечете го путерот и убаво со миксер изматете за да се изедначи.

Филувајте ги обландите, ставете нешто тешко врз нив и оставете ги преку ноќ да се стегнат. Потоа сечете ги на коцки или штангли со големина по ваша желба.