Рецепт и видеот прилог на Лилјана од Кујната на Лилјана – Старогрчки природен рецепт за остеопороза.

Бев во Пролом бања и правев тест за остеопороза и техничарите кои работат таму ми го дадоа овој старогрчки рецепт за превентива од остеопороза.

Овој природен лек може да се користи како превентива, бидејќи секогаш е подобро да спречи отколку да се лекува

Потребни состојки:

10 лажици мелено ленено семе, 5 лажици мелен сусам, 5 лажици мелени семки од тиква, 5 лажици мелени пченични зрна, 5 лажици семки од сончоглед, 3 лажици суво грозје, 1 литар ливадски мед

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер за мелење и добро иситнете ги. Внимавајте да не претерате за да не дојде до одвојување на мастите од семето.

Пченицата е најтврда, па затоа можете претходно една ноќ да ја натопите во млака вода, па да ја исцедите и сомелите (или уште подобро, би можеле да користите и пченични ‘ркулци).

Состојките постепено промешајте ги со медот додека да добиете еднолична хомогена смеса. Смесата складирајте ја во добро затворена стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Употреба: По една лажица пред појадок и пред ручек. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: