За да гои приготвите овој природен напиток, ќе ви бидат потребни само две состојки. Како се приготвува, прочитајте во продолжение на текстот.

Истражувањата покажуваат дека секој 20-ти човек има камен во бубрег, а многу почесто се среќава песокот, не само во бубрезите, туку и во мочниот меур во вид на густ талог.

Некогаш како причина може да се јави наследниот фактор, меѓутоа најчестиот ви-новник за тоа е недоволниот внес на течности и пог-решниот избор на намирници кај организам кој е склон кон создавање на камења.

Уринарните патишта најчесно се прочистуваат со големи количини чај од пченкарна свила. Оваа пченкарна свила се собира додека е зелена и се суши на специфичен начин за да ги сочува своите лековити диуретични својства.

Па затоа, доколку немате искуство во собирање и складирање на лековити билки, најдобро е пченкарната свила да си ја купите од билна аптека. Магдоносот од друга страна, е многу подостапен од пченкарната свила и може да се купи на пазар или супермакет.

Уште подобро доколку сами го одгледувате во својата градина. Чајот приготвен од магдонос исто така има диуретични својства, особено во комбинација со лимоновиот сок.

Меѓутоа, со чајот од магдонос се исфрла и калиумот од организмот, па затоа не се препорачува да се пие во подолг временски период. Покрај тоа, не е погоден за оние кои имаат низок притисок.

Постои еден стар и многу ефикасен природен лек кој многу ефикасно ги прочистува уринарните патишта, го исфрла песокот и густиот, слузав талог од бешиката и бубрезите, како и помалите камчиња. За поголем камен во бубрег треба да се советувате со вашиот лекар и да бидете под негов надзор.

Станува збор за просото кое во медицината се користи многу одамна, а неговите благотворни дејства врз телото се многубројни. Просото е хранлива и здрава житарица која можат да ја јадат и оние кои се интолерантни на глутен.

Оваа ситна, топчеста житарица позната како „храна за папагалите“ исклучетелно добро му годи на човековиот организам. Што се однесува пак до камењата во бубрег, просото делува така што ги разградува камчињата, песокот и талогот во бубрезите.

РЕЦЕПТ. За подготовка на лековитиот напиток ќе ви бидат потребни следните состојки: 200 г просо, 2 литри вода, едно поголемо тенџере и една стаклена, стерилизирана тегла.

ПОСТАПКА: Навечер исперете го просото низ цедалка, па потопете го во топла вода и оставете го така да отстои преку цела ноќ. Следниот ден процедете ја водата што останала, а просото ставете го во тенџере и залијте го со 2 литри вода. Оставете да зоврие еден „клуч“, тргнете го тенџерето од оган и поклопете го.

Вака оставете го да отстои цел ден. Навечер процедете ја течноста и складирајте ја во голема стаклена тегла или шише. Од оваа течност треба да пиете најмалку една чаша дневно наутро на гладно, а ако можете, и повеќе. Терапијата трае 10 дена.

Просото може да делува многу брзо, и да ги придвижи камчињата за да се исфлат, па затоа мора претходно да се конcyлтирате со вашиот лекар. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.