СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ ЗА МЕСЕЊЕ ТЕСТО: Еве точно колку квасец се става на килограм брашно

Нема ништо поубаво од мирисот на свежо печен домашен леб, со крцкава кора и мека средина. Но, за да јадеме вкусен леб, прво треба да го замесиме. Една од тајните на вкусниот леб е дека мора да се придржуваме до правилниот сооднос на состојките, со цел лебот да излезе совршен и вкусен како што сме го замислиле.




Иако е важно сите состојки во лебот да се во правилен сооднос, треба да знаете дека една состојка треба да ја додадете многу прецизно. Почетниците кои се обидуваат да замесат леб за првпат често се прашуваат колку квасец треба да се стави.




Количината на квасец зависи од неговата форма, но и од количината брашно што ќе го користите. За да добивате меко и растегливо тесто, кое нема многу да нарасне или да паѓа, секогаш треба стриктно да се придржувате до рецептот.




За одличен резултат, на 1 кг брашно се додаваат 42 г свеж квасец, кој претходно се активира во малку топла вода или млеко. Тоа е една коцка свеж квасец. Во случај да немате свеж квасец, можете да користите и сув квасец, и во тој случај на 1 кг брашно се ставаат околу 20 г сув квасец или 2 кесички.




Овде честопато грешат младите, неискусни домаќини, па една коцка свеж квасец ја заменуваат со една кесичка сув квасец. По желба, можете да измешате сув квасец со малку топло млеко и на тој начин да го активирате или можете да го замесите директно во брашното кога подготвувате леб или погача.




Тестото спремно за печење секогаш ставајте го во претходно загреана рерна, бидејќи сите тие теста кои содржат прашок за печиво или квасец најдобро се печат на овој начин. Во продолжение прочитајте го рецептот за леб со мека внатрешност и крцкава кора:




Пред да го ставите лебот на печење, пробајте го овој трик за совршено крцкава кора. Ако сте љубител на вистински миризлив домашен крцкав леб, ова е рецепт за вас. Потребни состојки: 400 мл вода, 600 – 650 г брашно, 20 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, малку сол.




Подготовка: Растопете го квасецот во млака вода, додајте го брашното, солта, шеќерот и замесете мазно тесто.  Оставете да отстои поклопено половина час. По изминатото време повторно размесете го со уште малку брашно и добро обликувајте го.

Леб во огноотпорен сад (Фото и рецепт: Верица Николиќ)




Повторно оставете уште некое време да нарасне. Како што може да видите, ова тесто се подготвува без масло, само со брашно и вода. Тестото треба да се пече во огноотпорен сад кој има соодветен капак.




Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени и ставете го празниот сад заедно со капакот во рерната. Кога тестото ќе нарасне, извадете го врелиот сад од рерната и префрлете го тестото во него, па направете пресеци со остар н ож во средината и ставете да се пече покриен со капакот.




Намалете ја температурата по 20 минути на 220 степени, тргнете го капакот и печете уште 15-20 минути за фина коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаНЕ ФРЛАЈТЕ ГО ТЕТРАПАКОТ ОД МЛЕКО: Во него за 10 минути направете колач кој не се пече и не се готви
Следна статијаДиета од нутриционист специјално направена за чир на желудник, гастритис и други дигестивни проблеми