НЕ ФРЛАЈТЕ ГО ТЕТРАПАКОТ ОД МЛЕКО: Во него за 10 минути направете колач кој не се пече и не се готви

Колачот од тетрапак со кекси и пудинг од ванила ќе ви го разубави денот. За овој колач воопшто не мора да ја палите рерната, а потребни ви се само шест состојки. Толку лесно се приготв ува и не валкате многу садови.




Можете да си го приготвувате секојпат кога ќе ви се пријаде нешто благо, а уморни сте за некои покомплицирани колачи. Ќе ви одзеде само 10-тина минути. Потребни ви се кекси и пишкоти.




Предноста на овој колач е што се приготвува од пудинг кој не се вари, туку само се микса исто како шлаг. Доколку не можете да најдете ваков пудинг во вашата продавница, тогаш пригответе си обичен, каков што имате, но доколку го варите треба да го оставите потечен.




Инаку, овие пудинзи што не се варат ги има во поголемите маркети и имаат назнака на нив дека не се варат. Сладете се во убавиот вкус. Овој колач всушност можете да го приготвите во каков облик сакате, но зошто да не го искористите тетрапакот?




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г какао кекси (потемни се од обичните), 70 г пишкоти, 500 мл млеко, 30 г пудинг од ванила, 150 г шеќер, 20 г какао во прав




ПОСТАПКА: Исечете ја само едната страна од тетрапак кутијата, па внатре најпрво наредете ги какао кексите. Потоа наредете ги пишкотите, па повторно кекси, па пишкоти и така додека да го исполните тетрапакот.




Во млекото додајте шеќер и пудингот од ванила (прашокот). Добро соединете за да се раствори шеќерот и да нема грутчиња од прашокот, па прелијте преку кексот.




Тетрапакот оставете го во фрижидер да се олади еден час. За тоа време кексите и пишкотите ќе омекнат и ќе го впијат вкусното ванила млеко.




Колачот извадете го од тетрапакот и декорирајте со какао. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.







Претходна статијаПОМОЛЕТЕ СЕ: Денеска се слави Љубовта, Верата и Надежта, за многу години
Следна статијаСОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ ЗА МЕСЕЊЕ ТЕСТО: Еве точно колку квасец се става на килограм брашно