“Во последно време диетите станаа многу популарни, но тие и натаму не се здрави и не се советува нивна примена”, вели проф. д-р Дејан Чубрило, физиолог.

“Апсолутно не верувам во диетите. Не ми е нормално некој за десет дена да изгуби голем процент масти. Црниот дроб е многу важен орган, тој ја грее крвта.

Крвта е клучна за нашиот организам, а диетите лошо влијаат врз функционирањето на црниот дроб, а со самото тоа и на лошо функционирање на организмот. Сè е во исхраната”, вели Чубрило.

Тој смета дека сите во Србија (и на Балканот, воопшто) јадат повеќе отколку што им е потребно.

“Ние живееме од нашите масти, доколку имаме услов да ги топиме. Сè што ќе изедете, треба и да потрошите, односно мастите да ги претворите во мускули и здрава енергија”, вели овој физиолог.

Експертот додава дека нема врска колку често вршите нужда, со тоа колку ви е брз метаболизмот, бидејќи честите излегувања во тоалет значат дека не ви функционира организмот како што треба, па сè што ќе изедете само ќе ви помине низ организмот.

“нашите деца јадат премногу, јадат често и тоа храна која го подига инсулинот. Тоа е магичен круг кој на крајот резултира со задржување на вода.

На децата давајте им да јадат масти: сланина, сирење, полномасно сирење, кајмак, ајвар, мачкајте им леб, не мора да биде интегрален, било каков, обичен леб, подобро било што отколку да им давате слатко”, вели Чубрило, констатирајќи дека во детската возраст маста го храни организмот.

“Доколку детето има нормален раст и исхрана, се создава здрав организам и сите органи функционираат како што треба.

Затоа можат да изедат и нешто нездраво понекогаш, не треба ништо да им се забранува да јадат”, вели експертот и додава дека секоја диета со која спречувате голем внес на храна – е корисна диета.

Телото треба да се ослободи од вишокот вода

“Треба да се губат водата и гасовите од диетата, а не мастите”, вели физиологот.

“Кој не ја вари добро храната, има гасови, што создава нервоза и психички проблеми, се блокира целиот организам, значи некоја диета можеби делува на губиток на килограмите, но таа предизвикува многу поголеми проблеми во организмот.

Секој оној кој е гладен има пореметување во организмот”, заклучува Чубрило.