Според восокот во ушите – дознајте во каква состојба ви е организмот

Foto: Gregory F. Maxwell

Нормалниот восок од уши може да биде помеѓу портокалова и окер боја, но жолтиот или зелен восок, јадеж во увото или негово течење од уво може да биде показател за инфекција.

1.ЖОЛТ ИЛИ ЗЕЛЕН ушен восок

„Ако при чистење на ушите забележите дека восокот има зелена, жолта, црна или бела боја, многу е веројатно дека е присутна инфекција, па потребно е да посетите лекар.

Инфекциите се појавуваат во многу краток рок и често е речиси неможно да се утврди причината за нивната инфекција“ – вели оториноларингологот Бенџамин Твел од Њујорк.

2.Ако има „снегулки“ во ушниот восок

„Ако кожата од внатрешноста се лупи и во ушниот восок се појават „снегулки“, постои веројатност дека имате екцем. Ако оваа состојба трае подолго, постои можност лицето да пати од псоријаза, што не е така честа појава“ – предупредува д-р Твел.

3.Ушниот восок има МИРИС

Ушниот восок никогаш не смее да има мирис. Мирисот обично значи дека е присутна инфекција во телото.

„Од искуство можам да кажам дека пациентите сами го забележуваат чудниот мирис на восокот, но понекогаш други луѓе ги предупредуваат за тоа. Како и да е, треба да се појде на лекар и да се провери дали станува збор за некоја инфекција или нешто друго“ – објаснува д-р Твел.

4.Ушниот восок истекува од ушите

„Нормално е ушите да ви бидат мокри после вежбање, но ако наутро се разбудите и видите на перницата жолти дамки од восок или на ушните ресички има закоравен восок, тоа е знак за инфекција или хронична болест на увото“ – објаснува д-р Твел.

Зошто се јавува свраб и чешање во ушите?

5.Можете да го осетите ушниот восок

„Ако можете да го почувствувате восокот во вашите ушни канали, тоа би можело да значи дека восокот е згуснат и блокиран, па би требало да појдете на чистење кај вашиот лекар“ – вели д-р Твел.

Спротивно на втемеленото мислење, стапчињата за уши, не ги чистат ушите, туку со нив повеќето луѓе го буткаат восокот подлабоко во ушниот канал, што може да резултира со трупање на восокот, иритација, па дури и оштетување на тапанчето.

6.Ушите ве чешаат поради восокот

Секој понекогаш го чешаат ушите, но ако тоа постојано се случува, тоа е сигнал дека нешто не е во ред со вашите уши.

„Јадежот во ушите или околу ушниот канал може да биде симптом на инфекција“ – објаснува д-р Твел.

7.Ушниот восок е сув или со темна боја

Ако забележите дека восокот со текот на време станува погуст или посув, тоа е нормален знак на стареење. И тука нема место за грижи бидејќи не станува збор за некоја болест.

Loading...