СПИЕЊЕТО ВО ОВАА ПОЗА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ

Истражувањата покажуваат дека додека спиеме трошиме 60 калории по час, но тоа не е правило за луѓето кои имаат проблем со системот за варење.

Ако честопати патите од подуен стомак, имате гасови, нередовна столица, ве мачи ждригавица и ве жарат киселини во желудникот, треба да се обидете со една евтина и лесна терапија со одговарачка поза за спиење.

Експертите сметаат дека лицата со вакви тегоби и кои имаат проблеми со системот за варење – треба да спијат на левата страна за да се воспостави рамнотежа и да се поттикне правилен процес на варење на храната со што би се забрзала дигестијата.

Освен што би лежеле на левата страна, би можеле да се обидете и со природни чаеви кои ги ублажуваат болките, ја обновуваат слузокожата и го олеснуваат варењето на храната.

Црниот слез на пример е честа состојка во билните мешавини кои се користат за настинки, за сува и упона кашлица, како и за испирање на устата и грлото. Оваа чајна мешавина ја смирува кашлицата и „свирењето“ во градите.

Исто така, можете да го пиете и кога ве мачи слаба дијареа и како облога за надразнета кожа и слузокожа.

Потребни состојки:

4 лажички црн слез

500 мл зовриена вода

250 мл сок од портокал

250 мл сок од јаболко

1/3 стапче цимет

Постапка:

Иситнете ги сувите цветови и цветовите од црн слез, па прелијте со зовриена вода. Оставете покриено да отстои 10-15 минути и процедете.

Во чајот додадете сок од портокал и сок од јаболко. Загрејте го пунчот, зачинете со цимет и по желба засладете со мед. Се консумира топло.

Loading...