ПОДОБРИ ОД РАФАЕЛО – кокос колачиња готови за 20 минути

Потребни состојки:

340 г брашно

270 г путер / маргарин

200 г шеќер

150 г кокос

1 јајце

50 г чоколадо за готвење

1 лажичка масло

Малку шеќер во прав

Малку бонбончиња или суво грозје за декорација

Постапка:

Замесете го тестото од брашно, шеќер, кокос, јајце и путер. Оставете во фрижидер да се „одмори“ околу половина час.

Извадете од фрижидер, правете мали топчиња, ставајте ги во тепсија обложена со хартија за печење.

Со врвот од дрвена лажица правете мало дупче во секое од бомбиците. Печете на 150-180 степени да останат бели.

Печените колачиња наросете ги со шеќер во прав.

На пареа растопете чоколадо со малку масло, па внимателно со шприц или со лажичка пополнувајте ги дупчињата.

Декорирајте по сопствен избор.

Loading...