Спасете се од хемороидите еднаш засекогаш со рецептот на Ирена Радевска!

Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Ирена Радевска.

Таа вели дека рецептот е испробан и им помогнал на многумина. 

Подобрување има за 3-4 дена, а кај надворешните хемороиди и целосно повлекување!

Потребни состојки, по 50 грама чаеви од:

-Ајдучка трева
-Коњско опавче
-Овчарска торбичка
-Невен
-Крушина

Постапка:

*По 50 грама суви билки, ако користите свежи билки дозата се удвојува. Билките можете да ги купите од Билна алтека.

Сите билки се ставаат во хартиена кеса и се мешаат со дрвена лажица за да добиете изедначена мешавина.

Две супени лажици од мешавината се преливаат со 700 мл вода и се варат 20 минути на умерен оган.

Потоа чајот се процедува и се дели на 3 дела, во три шолји, кои се пијат 30 минути пред јадење, трипати на ден.

Една шолја пред појадок, втората пред ручек, а третата пред вечера или два часа пред спиење.

Терапијата трае 5 до 7 дена.

Вреди да се проба!

Фото: илустрација
Loading...