Совршено меки сусам стапчиња…Брз рецепт за неодолива ужина!

Овие совршено меки сусам стапчиња се вистински хит кој ќе стане ваша секојдневна закуска или прилог со оброк!

Нивната совршена текстура и златно-кафеава боја ги прават неодоливи, а подготовката е едноставна и брза. Откако ќе ги пробате, нема да можете да им одолеете.

Уживајте во секој залак од овие прекрасни стапчиња, кои се совршени за семејна ужина, како и за специјални прилики. Следете го нашиот рецепт и откријте како да ги направите овие меки и крцкави деликатеси! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл млеко
100 мл вода
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
4 лажици масло
500 г брашно
1 лажичка сол
1 јајце за премачкување
сусам за посипување
2 лажици путер за премачкување

ПОСТАПКА:

Во сад истурете топло млеко, вода, шеќер, квасец и масло и убаво измешајте. Додајте брашно и сол, па замесете меко и мазно тесто.

Тестото префрлете го во сад подмачкан со масло, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на собна температура додека да го удвои волуменот.

Добиеното тесто префрлете го на работната површина, поделете го на 8 дела и од секој обликувајте топчиња. Малку подмачкајте ги топчињата, па обликувајте ги во мали ролати и оставете ги да отстојат 10 минути.

Секој валјак развлечете го со рацете и обликувајте стапчиња. Стапчињата превиткајте ги спирално и наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да нараснат околу 20 минути.

Премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со сусам и печете ги на 220°C околу 10 минути. Веднаш по печењето намачкајте ги стапчињата со растопен путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://www.instagram.com/reel/C-kKlHAMUtX/?igsh=dWExano0emc1aDlo