Home Супи и чорби Совршена пилешка супа

Совршена пилешка супа

Совршена пилешка супа

Подгответе се за топол, домашен оброк кој се приготвува лесно, а мириса и вкусот се како од бабиниот лонец!

Оваа пилешка супа е идеална за секој ден, носи утеха и задоволство со секоја лажица, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 2 парчиња морков
– 5 парчиња компир
– 300 г пилешко месо (гради или месо од бут, по желба)
– 1 литар вода
– 2 коцки пилешка супа
– 1 лажица павлака или готварска павлака
– По вкус вегета
– По вкус магдонос
– По вкус копар
– НМД

Постапка:

1. Во тенџере ставете го пилешкото месо да се вари во 1 литар вода заедно со коцките за пилешка супа.

2. Додека месото се вари, исчистете го и исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња.

3. Додајте ги морковите и компирите во супата и оставете ги да се варат додека да омекнат.

4. Кога зеленчукот и месото се варени, додајте една лажица павлака и зачинете по вкус со вегета, магдонос и копар.

5. Послужете ја супата топла, во комбинација со парче домашен леб за целосно уживање.

Совет:
За погуста супа, пред крајот на готвењето, изгмечете неколку парчиња компир или додајте една лажица брашно разматено во малку вода.

Оваа супа е здрава, нискокалорична и совршена за секој оброк, што ја прави вистинска утешна храна за сите прилики.