Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – Колач4.3.2.1

Овој рецепт го најдов во стариот тефтер на мајка ми, каде пишува 4, 3, 2, 1.. и така се вика – бабино чудо.

Потребни состојки:

4 поголеми јаболка
3 чаши брашно (чаша од 200 мл)
2 чаши шеќер
1 чаша масло
2 лажички сода бикарбона
½ лимон – сок
4 лажички цимет
1-2 раце сечкани ореви
џем за премачкување и ореви за наросување или
шеќер во прав за наросување (по желба)

Постапка:

Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Не ги процедувајте и веднаш ставете ги во поголем сад каде ќе ја соедините смесата за колачот.

Додадете три чаши брашно, две чаши шеќер и една чаша масло. Сите намирници малку промешајте ги и додадете ги зачините: две лажички сода бикарбона и исцеден сок од половина лимон.

Рерната веќе во овој момент можете да ја вклучите да се загрева на 200 степени. Откако ќе го исцедите и лимонот, во смесата додадете 3-4 лажички цимет и две полни раце сечкани ореви.

Убаво промешајте за да се соединат сите состојки, а добиената смеса излјте ја во плех со димензии 25х35 см (може и во помал за да излезе повисок колачот), претходно малку намастен и обложен со хартија за печење. Рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.

Топлиот колач можете да го наросите со шеќер во прав или веднаш додека е топол да премачкате со џем и да го наросите со сечкани ореви. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.