Предавање на д-р Иван Павловиќ Неумивакин, доктор по медицински науки и професор: Совети за дијабетичари и оние кои не сакаат да се разболат од шеќерна болест.

„По правило, преку ден сме зафатени со работа и дома си доаѓаме околу 7-8 навечер, седнуваме заедно да вечераме, па малку гледаме телевизија, а потоа си легнуваме… и така постојано, секојдневно…

Во книгата го имам напишано следното: Панкреасот излачува три ферменти за дигестија на белковините, јаглехидратите и мастите. Панкреасот не го произведува само инсулинот, туку има и други функции. Инсулинот е хормон и тоа доста силен хормон. Се нарекува уште и „дневен“ хормон.

Овој хормон панкреасот го произведува само преку ден. Зошто? Ќе ви одговорам со контрапрашање: „Колку шеќер во крвта би требало да имаме?“ Порано, кога јас бев студент и одев на факултет, вредноста на шеќерот од 5 единици се сметаше за дијабетес.

А шест веќе беше премногу. А денес вредностите од 6 до 9 не се сметаат за дијабетес, што е многу неправилно. Шеќерот треба да биде во вредност од 4,5 до 5. Еве еден пример: Ќе изедеме една бонбона. Пред бонбоната, шеќерот треба да биде со вредност од 4,5 до 5.

Шеќерот многу брзо се апсорбира во кр-вта и вредностите веднаш се покачуваат на 8, 9, 10 единици. Во тој момент инсулинот е тој што треба многу брзо да реагира и да ја спушти вредноста во нормала. Панкреасот работи засилено за да го спроведе тоа.

Колку повеќе јадете рафинирани производи, бело брашно, кондиторски производи и слатки, толку повеќе се оптеретува панкреасот да работи за да произведе инсулин, за да може шеќерот да се симне во рамките на нормалните вредности. Дали ме разбирате?

И што се случува понатаму? Денес ќе успее да го спушти шеќерот, утре ќе успее, но задутре? Оваа состојба не започнала од денес или од вчера, туку уште многу одамна. Ми ги доведуваат децата и сега се трудам повеќе да не ги примам. Кој ги воспитува денес децата? Бабите и дедовците им носат бонбони, затоа што си ги сакаат внуците и на тој начин сакаат да им угодат.

Но, токму тука започнува крајот. Подобро е децата да грицкаат морков, а не бонбони! Наместо бонбони и разни слатки, носете им овошје, бидејќи многу рано стануваат зависни од шеќерот. Многу рано започнува преоптоварувањето на панкреасот и пореметувањето на биолошкиот часовник.

Но она што е најважно, а што неодамна го дознав, е дека панреасот функционира до шест часот навечер, максимум до седум, а потоа си оди на „спиење“. Ова е дел од нашиот биолошки часовник. Сè си е однапред испланирано како треба да функционира, а ние одиме против тоа.

Зошто толку рано панкреасот завршува со својата работа? За да може во 9 часот желудникот да мирува, бидејќи на тој начин фунционира нашиот биолошки часовник. Во 7 часот мора да се притаат дванаесетпалечното црево и панкреасот, за да можат желудникот и другите органи во 9 часот да „спијат“.

А вие што правите? Со јадење започнувате токму во 8 или 9 часот навечер! Сте го разбудиле панкреасот и тој мора да почне со работа. Почнува да произведува инсулин за да го симне шеќерот што сте го внеле преку чајот, кафето или сокот, и мора да го доведе во нормални вредности.

А во 11 часот навечер започнува да се лачи и ноќниот хормон мелатонин кој е одговорен за нашето спиење. Тој треба да се вклучи во 11 часот навечер и да работи сè до утрината. А токму во истото тоа време, бидејќи сте јаделе доцна, работи и инсулинот.

Но, инсулинот нема да му ја предаде штафетата на мелатонинот. Инсулинот ќе престане да работи некаде во 9-10 часот навечер… па поминале уште два-три часа, а вие сте излегле некаде во град и сте си легнале некаде после полноќ.

По правило, треба да си легнете денес, а да станете утре од спиење. Ако си легнувате после полноќ, според мое мислење, вие сте болен човек. Од гледиште на физиологијата, тоа е многу погрешно постапување со сопственото тело и здравје.

Овие неусогласености помеѓу нашите хормони нас нè разболуваат. Од тие причини, оние кои имаат проблем со инсулинот, треба да престанат со јадење во 18 часот (6 часот навечер), најдоцна во 19 часот, но тогаш треба да јадат сосем мала количина храна.

Треба да се одбегнува тешка и преработена храна, бидејќи од неа страдаат органите, меѓу кои и црниот дроб кој работи заедно со панкреасот. Базата им е иста, а нивните отвори се практично еден до друг, па и тука ја имаме истата приказна: се создаваат жолчни камења во панкреасот или песок.

Се добива и панкреатитис, бидејќи постојано и непрекинато работат ензимите, а црниот дроб би сакал да се одмори, бидејќи постојано работи со полна пареа…“, советува докторот на своето предавање.

Д-р Иван Павловиќ Неумивакин е доктор на медицински науки, научник и публицист. Голем број години поминал работејќи и истражувајќи во областа од космичката медицина, ја изградил првата болница на руското космичко летало. Автор е на повеќе од 200 научни трудови и 40 книги.

Добитник е на Државната премија и Руска академија на природните науки. Развил свој систем на лекување со употреба на хидроген, сода и физички вежби. Доколку сакате, можете да го погледнете неговото објаснување во видеото каде е поставен линкот ОВДЕ.