Фото и рецепт: Верче Илиоска – Многу лесно и брзо се подготвува.

Потребни состојки: 4 јајца, ½ лажичка сол, 100 мл масло, 200 мл јогурт, 10 лажици брашно, 10 лажици палента, 1 прашок за печиво, 200-250 г сирење и 150-200 г исчистен спанаќ свеж, не обарен.

Постапка: Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти. Додадете масло и продолжете со матење. Потоа додадете јогурт, па промешуваме и додаваме брашно, палента, прашок за печиво и мешаме да се изедначи смесата.

На крај го додаваме спанаќот претходно измиено и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе. Мешаме убаво да се изедначи и смесата ја излеваме во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење.

Печеме на 180 степени околу 40 минути, во зависност од вашата рерна. Се послужува со јогурт или кисела павлака. Фото и рецепт: Верче Илиоска